КРИК – фестивал за критичка култура
Музеј на современа уметност / Museum оf Contemporary Art
Започнува вториот дел на КРИК – фестивал за критичка култура.
Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикуваат односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето на позната ситуација станува политичка мерка со уметнички средства.
Перформансот ќе се одржи во Скопје во објектот на Музејот на современата уметност, на 21ви и 22ри Септември. На секој од нив може да учествуваат најмногу 10 лица. За учество пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/hoLvcuyJLfNSY3yp6
“Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на основите на тоа како се здружуваме. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“ користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра, меѓу другото. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (DE), реализираше проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје, меѓу другите, а го сочинуваат Феликс Фалчик и Јохана Хершел.
***
Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија и Allianz Kulturstiftung, Креативна Европа.
Споделено на: септември 10, 2022 во 11:05 pm