Искра Гешоска е основач и претседател на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Уште од 1994 година е активна во градењето и зародишот на независниот културен сектор и современите, самоорганизациски формати на дејствување во социо-културниот простор. Придонесува за локално, национално и интернационално афирмирање на независниот културен сектор и неговата политичка релевантност. Нејзиниот клучен фокус е развојот на критичкото мислење и критичките теории, како и односот на културнo-уметничките практики, политичкото и политиката. Беше директорка на независниот културен центар Точка од неговото формирање, па сѐ до неговото затворање (2002 – 2010). Во рамките на овој центар, како и пред и потоа, разви и водеше над 20 проекти во сферата на културните политики, критичката теорија, критичката дебата, визуелните и перформативните уметности, испитувајќи го односот на уметноста и политиката. Беше уредник и организатор на стотина настани од културно-општествено значење. Вклучена е во процесите на заговарање на локално и национално рамниште за општествено ситуирање на независниот културен сектор, како и за поттикнување на регионалната соработка. Беше уредничка во издавачката куќа Темплум и во спсанието Маргина во периодот од 1998 – 2008 година. Беше советник во Министерството за култура на Република Македонија во периодот од  2003 до 2005 година. Прва претседателка е на Јадро – асоцијација на независната културна сцена, национална платформа за заговарање за поголема видливост и системска ситуираност на независнипт културен сектор во македонија, од неговото основање во 2012 година до 2017. Од јули 2017 е член на Управниот одбор на Јадро. Член е на собранието на Хелсиншки комитет за човекови права, каде се застапува за артикулација и афирмација на културните права и правото на култура. Освен теориска и социо-културна практика, има и интензивен активистички ангажман и учествува во речиси сите активистички процеси кои придонесуваат за развој и демократизација на општеството. Се застапува за интерсекторска соработка и инсистира на длабока општетствена и политичка вкотвеност на културното и уметничкото дејствување. До сега има објавено над 100 есеи, стручни трудови во сферата на критичката теорија, изведувачките уметности, визуелните уметности и културните политики. Таа е надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Сака да готви. 🙂

Артан Садику е истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните пракси во политиката и уметноста. Работел во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје каде ја водел Школата за критика и политика и е основач на Левичарското Движење Солидарност и Културниот Клуб Синдиката. Студирал и истражувал во универзитетите во Минхен, Балтимор, Осло и Амстердам. Тој беше еден од клучните актери во протестните движења АМАН!, #протестирам и Академскиот Пленум а во моментот е дел од организациониот борд на КРИК фестивалот за критика култура. Редовен соработник е на регионални и меѓународни списанија како Le Monde Diplomatique, Journal Identities и Bilten. Неговите последни текстови се однесуваат на просторот за уметноста во општеството и естетската форма на работниците.

Тијана-Ана Спасовска е историчар на уметност која работи како координатор на проект и програма на Контрапункт и на фестивалот КРИК за критичка култура. Во моментов, таа е студент на магистер програма „UNESCO Chair in Cultural Policy and Managemen “ на Универзитетот во Белград , додека во меѓувреме присуствува и на програмата GIOCA –  програма за иновации и организација на културата и уметностите на Универзитетот во Болоња. За време на нејзините дипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “, Тијана-Ана била на програмата Еразмус размена на Универзитетот во Љубjана, Словенија, како и активен член на студентското здружение за археологија„ АКСИОС “- Скопје. Нејзините области на интерес се развој на публика, културна политика, културни пејзажи и културен активизам.

Јана Коцевска дипломирала на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје. Работи во здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“, и таа е една од основачките на феминистичкиот фестивал „ПРВО ПА ЖЕНСКО“. Исто така, таа е една од основачите на ЦИНИК – Центар за истражување на национализмот и културата.

Соработничка е на скопскиот Викенд на гордоста и на КРИК – Фестивалот за критичка култура во Скопје, во организација на Контрапункт. Теми од интерес во својата работа е родовата еднаквост, културни политики и човекови права.

Станимир Панајотов роден во Сливен, Бугарија, моментално го завршува докторот по компаративни родови студии на Централноевропскиот универзитет (Будимпешта, Унгарија), со специјализација во областа на средновековните студии. Твори на раскрсницата на континенталната и феминистичка филозофија, нефилософијата, неоплатонизамот и новиот / шпекулативен реализам, додека пак во овие области специјализирал на Словенечката академија на науките и уметностите во Љубљана (2013); Институтот за општествени науки во Скопје (2015); Универзитетот Линкопинг(2016); Американскиот истражувачки центар во Софија (2016/17); Универзитетот Кингстон во Лондон (2017); Универзитетот во Утрехт (2018). Член е на организацијата Non-Philosophique Internationale  од 2016 година. Тој е ко-режисер и ко-организатор на Sofia Queer Forum (Софија, 2012-денес), како и на Летна школа за Сексуалности, култури и политики (Скопје / Белград, 2012- 2017), а од 2017 година е уредник на списанието  Identities: Journal for Politics, Gender and Culture, како и член на уредничкиот одбор на списанието Oraxiom: A Journal of Non-Philosophy.

Бранимир Јовановиќ е економист на Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Поле на интерес му се нееднаквоста, сиромаштијата, даноците, социјалните политики, економските кризи. Претходно има работено како професор на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, како советник на Министерот за финансии и како истражувач во Народната банка. Бил на студиски престој на Универзитетот во Торино, а има докторирано на универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Бил член на Левичарското движење „Солидарност“ и активен во протестните движења „Протестирам“ и „Шарена Револуција“.

Петар Милат е поранешен филозоф кој моментално работи како програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa [Загреб, Хрватска], каде е задолжен за издаваштво, експериментална музика и филмски програми. Од 2008 година тој е директор на Филмскиот фестивал за човекови права, фестивал на cinéma d’auteur engagé. Главниот фокус на неговото истражување е врската помеѓу нормативната социјална и естетска теорија. Во 2018 година бил член на жирито на фестивалот за кратки филмови во Оберхаузен.

 

Веб-страни: www.mi2.hr/en | www. humanrightsfestival.org/en/

 

Лична веб-страна: www.zoeforward.org

Никола Гелевски е директор и основач на издавачката куќа „Темплум“ (1989) (од самиздатските денови), главен уредник на списанието „Маргина“ (1994 до денес), главен уредник на стрип списанието „Лифт“ (1995- 2000 година) и основач и главен уредник на он-лајн порталот „Окно“ (2009 година до денес). Тој е исто така основач и ко-основач на повеќе граѓански организации и иницијативи: ко-основач на Контрапункт (1999), еден од основачите на Центарот за култура „Точка“ (2003- 2009), еден од основачите на здружението „Плоштад слобода“ (2009) и еден од основачите на здружението ЦЕМ – Граѓани за европска Македонија, (2008). Тој е колумнист и неговите колумни се објавени во весниците: „Форум“ (1999-2001), „Утрински весник“ (2001-2009), „Глобус“ (2009-2011) и „Окно“ (2009 до денес ) Автор е на 7 книги и добитник на наградата „Борјан Таневски“ за 2007 година („истакнат колумнист на годината“).

Елена Велјановска (р. 1979 година, Скопје) работи како кустос и менаџер за култура. Во 2006 година дипломирала на Факултетот за историја на уметност и археологија во Скопје, Македонија. Нејзиното прво работно искуство било во Центарот за култура „Точка“, Скопје (2003 – 2006 г.), а потоа во 2006 г. ја основала платформа за нови медиумски уметности и технологија Line I+M, што ја водела до 2010 година. Во 2009 г. е гостин – кустос во галеријата „ Stedefreund“ во Берлин и ко-кустос на македонскиот павилјон на 53-та меѓународна ликовна изложба во Венеција. Во 2010-11 година била дел од тимот зад SEAFAIR – Фестивал на електронски уметности ’10-то и 11-то издание, во Скопје. Почнувајќи од 2012 – 2014 година, била активно вклучена во две организации: Асоцијација на независната културна сцена-ЈАДРО и  Контрапункт, Скопје. Во 2014 година била програмски директор на првото издание на Паратисима, првиот саем на уметност во Скопје. Во моментов работи и живее во Берлин, Германија.

Роберт Алаѓозовски (р. 1973) – хонорарен писател, истражувач, културен менаџер, критичар на уметностa и култура од Скопје. Магистрирал во областа на компаративната книжевност на Универзитетот во Скопје. Работел како програмски координатор и уредник во Контрапункт и културниот центар „Точка“, од 2001 до 2008 година. Автор е на четири книги и десетина студии од областа на филологијата, филмот и културната политика. Тој е поранешен претседател на мрежата на европски културни менаџери „Oracle“ со седиште во Брисел и тренер на Marcel Hicter’s European Diploma за културен менаџмент. Член е на дружтвото на „Независни писатели на Македонија“ и на уредничкиот одбор на ”Sarajevske sveske“. Бил дел  од многу проекти за културна децентрализација, интеркултурализам, регионална или меѓународна соработка. Превел неколку важни книги од англиски и српско-хрватски на македонски јазик.

Бојан Ивановиќ (1971, Скопје) студирал електро и телекомуникации, но започнал да работи како графички дизајнер во разни списанија (Start, Zum) пред да се приклучи на „Контрапункт“ во 2003 година во дизајнирањето на материјалите за активностите на „Контарпункт“ и „Темплум“. Моментално работи во студиото за графички дизајн „Бригада дизајн“ во Скопје.

Бранко Прља (1977) дипломирал графички дизајн на Факултетот за арт и дизајн на ЕУРМ во Скопје. Работел во Контрапункт (Центар за култура Точка / Темплум) на во делот за веб и графички дизајн (и како повремен преведувач) во периодот 2004-2008 година. Во моментов работи како графички дизајнер и текстописец во рекламната агенција BEC Scholz & Friends. Активно е ангажиран во областа на литературата и е основач на првиот онлајн литературен натпревар во Македонија, Електролит. Бранко Прља е основач на уметничка група „Капка“ вклучена во организизација на изложби, работилници и објавување експериментални книги за помладата популација. Како автор, главен уредник и графички дизајнер објавил над 10 книги раскази, како и едукативни книги за деца.

Постојани соработници

Александра Бубевска е новинар и автор е на бројни телевизиски емисии од областа на уметноста и културата во периодот помеѓу 1996 -2011 година. Била уредник за култура во весникот „Ден“ (2012), уредник на културата и новинар во „Нов портал“ (2013), уредник и новинар во информативниот портал „А1он“ (2013 – денес). Објавени книги: „Женската страна: Лични приказни за кризата во Македонија 2001 година“, Скопје, Еуро Балкан Прес, 2006 година (со Мируше Хоџа).

Ѓорѓе Јовановиќ (1980)  дипломирал на Катедрата за сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија. Во последно време негова преокупација е прашањето за интеграцијата и распаѓањето на современиот човек. Тој ја преиспитува меѓучовечката комуникација во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односите човек-општество и потрошувачката како клучен фактор за современиот начин на живот; политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата… како и преиспитување на јас во внатрешни или надворешни контексти на распаѓање на старите и создавање нови вредности. Без ограничувања во медиумите, тој работи инсталации, претстави, видеа, колажи и слики, со цел да постигне трансформација на уметничките димензии на неговиот индивидуален израз следејќи ја флуидноста на современиот контекст. Има реализирано повеќе самостојни изложби во Македонија и во странство. (Галерија МЦ, Њујорк, 2010 година), Галерија Центар, Грац, итн. Учествувал и на бројни групни изложби, симпозиуми, работилници и конференции во Македонија, Албанија, Србија, Босна, Словенија, Грција, Турција, Австрија, Италија, Холандија, Франција, Шпанија, Белгија, Естонија, Финска, Египет, САД. Живее и работи во Скопје.

Партнери и пријатели на Контрапункт

Контрапункт (2001 – 2020)

Хронологија

2020 година

Искра Гешоска  (претседател, програмски директор)
Артан Садику (уредник на програма и проектен координатор)
Тијана Ана Спасовска (програмски и проектен координатор)
Јана Коцевска (програмски и проектен координатор)
Станимир Панајотов (програмски соработник)
Петар Милат (програмски соработник)
Бранимир Јовановиќ  (програмски консултат за политичко-економски теми)

2019 година

Искра Гешоска  (претседател, програмски директор)
Елена Вељановска (извршен директор, координатор на програмата)
Артан Садику (уредник на програмата и проектен координатор)
Јана Коцевска (програмски и проектен координатор)
Тијана-Ана Спасовска (програмски и проектен координатор)

2018 година

Искра Гешоска  (претседател, програмски директор)
Елена Велјановска (извршен директор, координатор на програмата)
Артан Садику (соработник на програмата)
Тијана Ана Спасовска (асистент)
Ева Семиќ (волонтер / Еразмус)

2016 – 2017 година

Искра Гешоска  (претседател, програмски директор)
Елена Вељановска (извршен директор, координатор на програмата)
Јана Коцевска (проектен координатор)
Ивана Накиќ (асистент на проект)
Тијана Ана Спасовска (практикант)
Ребека Велјановска (практикант)
Петар Милат (програмски соработник)
Бранимир Јовановиќ (програмски консултат за политичко-економски теми)

2014 – 2016 година

Искра Гешоска (претседател, програмски директор)
Елена Вељановска (извршен директор, координатор на програма)
Роберт Алаѓозовски (надворешен соработник на програма)
Жарко Трајановски (надворешен соработник на програма)
Петар Милат (програмски соработник)
Бранимир Јовановиќ (програмски консултат за политичко-економски теми)

2014- 2012 година

Искра Гешоска, Елена Вељановска, Јана Коцевска, Петар Милат

2011 – 2009 година

Искра Гешоска, Владимир Јанковски, Вибке Штадлер, Ивана Драгшиќ 2009 – 2006 година,  Никола Гелевски, Бранко Прjaа, Јулија Лехлер, Ѓорѓи Крстевски, Марко Ковачевски, Ана Вујановиќ, Марта Попивода, Ѓорѓе Јовановиќ, Жарко Трајановски

2006 – 2001 година

Искра Гешоска, Никола Гелевски, Бојан Ивановиќ, Бранко Прjaа, Елена Велјановска, Роберт Алаѓозовски, Маја Чанкуловска, Жарско Трајановски

 

Пријатели и соработници на Контрапункт:
Борис Буден, Ана Вујановиќ, Марта Попивода, Теодор Целакоски, ЕЛизабета Шелева, Небојша Вилиќ, Томислав Медак, Милица Пекиќ, Зоран Пантелиќ, Мика Буљевац, Рената Салецл, Небојша Гелевски, Атанас Вангели, Бранимир Јовановиќ, Жарко Трајаноски, Славчо Димитров