КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ

​​​16.12. | 20:00​ ​"The Waldheim Waltz" (2018) ​​Ruth Beckermann (AU) https://youtu.be/3oGlG0lu50c Времетраење: 93 мин Земја: Австрија,...

​​​16.12. | 20:00​

​”The Waldheim Waltz” (2018)

​​Ruth Beckermann (AU)

Времетраење: 93 мин

Земја: Австрија, 2018

Јазик: германски, англиски, француски

The Waldheim Waltz е филм за вистината и лагите или за „алтернативните факти“. Рут Бекерман го документира процесот на разоткривање на поранешниот генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм. Тој покажува брза прогресија на нови обвинувања од страна на Светскиот еврејски конгрес за време на неговата претседателска кампања во Австрија, негирање од страна на австриската политичка класа, појава на антисемитизмот и патриотизмот,што конечно ќе доведат до негов избор.

​Создаден од меѓународниот архивски материјал и она што Бекерман го снимил во тоа време, The Waldheim Waltz го анализира колапсот на големата илузија на Австрија: дека биле првата жртва на нацистите. ​

17.12. | 20:00​

​”Araby” (2017)

João Dumans, Affonso Uchoa (BR)

Времетраење: 96 мин

​Земја: Бразил, 2017

Јазик: португалски

​Андре е осумнаесет годишно момче кое живее во близина на фабрика за алуминиум во индустрискиот град Оро Прето, во југоисточен Бразил. Еден ден, по една фатална несреќа која се случила во фабриката, тој е пратен во домот на еден од загинатите работници, Кристијано, да собере дел од работите кои му припаѓале на работникот. Таму ќе најде весник, во кој се опишани последните години од животот на работникот, кој целиот свој живот го поминал во сиромаштија и социјално угнетување. Првиот филм, заедничка режија на Жоао Думас и Афонсо Ушоа, ја прикажува авантурата, љубовта и маките на Кристијано, еден фасцинантен лик кој со својот чувствителен поглед не вo воведува стварноста на најзагрозената класа во Бразил.

18.12 | 20:00​

​”Transit” (2018)

 Christian Petzold (DE)

Времетраење: 101 мин

Земја: Германија / Франција, 2018

Јазик: германски, француски

Германските трупи се наоѓаат надвор од Париз. Георг бега во Марсеј во последен момент. Во неговиот багаж е наследството на еден писател по име Видел, кој си го одземал животот заради страв од прогон. Ова наследство се состои од ракопис, неколку писма и гаранција за виза од Мексиканската амбасада. Само оние кои можат да докажат дека ќе заминат смеат да престојуваат во овој пристанишен град, а

тоа значи дека е потребна дозвола за влез од потенцијална земја домаќин.

Транзитот е заснован на истоимениот роман на Ана Сегерс, кој таа го напишала во егзил. Филмот се одвива во сегашен Марсеј, каде што овие ликови од минатото се движат наоколу. И така, бегалците од минатото се сретнуваат со бегалците од сегашноста, историјата се сретнува со сегашноста, а сите нивни приказни се комбинираат за да создадат еден вечен транзитен простор.


Споделено на: јануари 25, 2021 во 4:06 pm