07.12.2018 (петок)
Вечер посветена на проектот ФРЕИРАУМ („Слободен простор“)
ФРЕИРАУМ („Слободен простор“) е проект на Гете-институтот во соработка со 53 останати организации од областа на културата и уметноста, истражувачката заедница и граѓанското општество.Околу 40 градови во Европа до март 2019, ќе дискутираат на прашањата: Што значи слобода во денешна Европа? Каде слободата е во ризик? Како можеме да се заштитиме?
Збратимени европски градови развиваат проекти на тема актуелни социјални проблеми и се борат со концептот на слободата, разменувајќи ставови и создавајќи нови мрежи. Во овој контекст збратимените градови Копенхаген и Скопје, ги поставуваат прашањата: Како еден град може да обезбеди социјална разновидност и хармоничен соживот? Како обемот на слободата во јавниот простор се менува со текот на времето?
Силното граѓанско општество е основата за демократска и плуралистичка заедница. Во соседните земји, па дури и пред нашиот праг, ние оддеднаш продолжуваме дебати за кои многу од нас, одамна мислеа дека завршиле. Институциите имаат посебна одговорност сега: да ги предизвикаат претпоставените сигурности и да бараат дијалог еден со друг – дури и кога заедничката основа не е очигледна.
Гете институтот е институција со со европска мисија. Тие се залагаат за визијата за европска интеграција и заеднички европски културен простор, заснован на културна разновидност и посебност – истовремено свесни за кризата на таа визија денес. Не наивниот ентузијазам, туку подготвеноста за започнувањена продуктивен дијалог треба да нè води напред.
19:00 – 19:45 Проекција на авторскиот документарен филм „Простори на слободата“ – Контрапункт, Скопје
20:00 – 20:45 Проекција на авторскиот документарен филм „Простори на слободата“, Копенхаген
20:45 – 21:45 Јоханес Еберт, директор и генерален секретар на Гете институт, Минхен, Германија (предавање со дискусија)
08.12.2018 (сабота)
20:00 – 21:00 Ника Аутор (презентација на видео арт и филмска проекција со дискусија)
„Newsreel Front – Естетиката во политички ангажираната и посветена уметничка практика“
Презентацијата на Ника Аутор има цел да даде преглед на уметничката методологија и различните видови претставувања коишто се користат вофилмовите на колективот Newsreel Front. Заедно со публиката ќе бидат обработени филмските алатки и монтажните процедури, коишто биле ставени на тест со цел да го пренесат искуствотото на замолчените и невидливи историски наративи и да ги поттикнат размислите за невидливоста на угнетувачките современи практики.
21:00 – 21:40 Ника Аутор, Newsreel 63 – возот на сенките, 2017, 38 мин
Филмската проекција Newsreel 63 ги следи кинематогррафските практики и се обидува да позиционира и разбере одредена слика – дел од видеото направено на некогаш познатата железничка линија Белград – Љубљана, кадешто бегалците не патуваат горе во купеата, туку долу, помеѓу тркалата на возот. Newsreel 63 се впушта во визуелна истрага за железниците и го истражува нивниот историски, општествен и политички наратив. Есеистичките и асоцијативните елементи на Newsreel 63го поврзуваат овој историски наратив со нашата потрага по среќа, идејата за патување во моменталната општествена констелација, каде што нашиот копнеж за среќа е многу често поврзан со идејата за патување некаде – или, всушност, со потребата да се обезбедат средства само за основен опстанок.
Уредници: Ника Аутор, Сирил Оберстар
Музика: Матвеж Коленц, Миха Шајина
Глас: Пиа Николиќ
Превод: Маја Ловренов
Биографии:
Јоханес Еберт е генерален секретар на Гете институтот. Првпат започнал да работи во Гете институтот во 1991 година, по завршувањето на студиите по политички науки и исламски студии во Фрајбург во Брајсгау. Во 1990 година бил на практична обука во весникот во Хајлброн, но во 1991 година се вратил во Гете институтот каде, меѓу другото, објавувал за Абиџан, Рига и Киев. Почнувајќи од 2002 година, Еберт бил на функцијата регионален директор, најпрво во Каиро, потоа во Москва. Потоа на 1 март 2012 ја преземал функцијата генерален секретар, а, исто така, ја има и функцијата на портпарол на одборот на директори. Во 2016 година тој бил реизбран за генерален секретар на Гете институтот за наредните пет години.
Ника Аутор ги завршила своите студии на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, додека пак докторирала на Академијата за ликовни уметности во Виеана. Нејзината работа е базирана на експериментални видеа и документарни филмови, филмски есеи, филмски журнал и просторно видео и филмски инсталации. Фокусот на нејзината работа е истражување на оние коишто се невидливи/ неслушнати кои се занимаваат со скриени теми од заборавеното минато и замолчената сегашност. Ника Аутор во своите дела се фокусира на создавање одредени слики, кои се специфични конструкции на колективната меморија, како и на личните усни наративи, се со цел да ги испита политиките на азил и миграција, работничките права, а, воедно и политиките на сеќавањето. Таа е дел од колективот Newsreel Front (Obzorniška Fronta), неформален колектив на работници, кои доаѓаат од полето на уметноста и филмската теорија.
Споделено на: јануари 25, 2021 во 4:08 pm