ТРЕТ ДЕЛ 11. – 19.12.2018
11.12.2018 (вторник)
19:30 – 21:00 промоција на книгата Мало фолио за тетатр на Иван Додовски
промоција на книга: Владимир Милчин (MK), Никола Ристановски (MK), Искра Гешоска (MK)
„Мало фолио за театар“ од проф. д-р Иван Додовски содржи театарските критики, студии и осврти, записи од фестивали и интервјуа, кои авторот ги пишувал од 1993 година до денес. Собраните текстови, од кои некои за првпат се објавуваат во оваа книга, се однесуваат на најзначајните личности, појави и процеси во областа на драмата и театарот во независна Македонија. Оваа обемна публикација претставува капитален придонес во историјата на македонскиот театар и култура воопшто. Со ова свое дело, проф. д-р Иван Додовски одбележува значаен јубилеј – 25 години театролошка работа.
12.12.2018 (среда)
12:00 – 16:00 работилница за критичко пришување во изведбените уметности и литературата со Иван Додовски, прв дел
20:15 – 21:30 Крестон Дејвис, САД (предавање со дискусија)
„Дали криптовалутите можат да придонесат во создавање на нов модел на производство“
Во пресрет на зголемениот национализам, изолационизмот и ориентирањето кон неофашистичката политика, јасно е дека либералната репрезентативна демократија со години опаѓа. Лицето на оваа криза е очигледно и забележано во земји како што се САД, Бразил, Чиле, Грција, Македонија, Австрија, Јужна Африка, но ова се само неколку примери. Иако кризата неодамна стана широко распространета, а на сцената ѝ е познатo како глобалната финансиска криза од 2008 година (уцена од елитните Вол Стрит барони), историјата и корените на неоконзервативниот бунт против либералната демократија се многу подлабоки. Ваквиот неоконзервативен глобален бунт, всушност е најголемата закана за човековата слобода и за опстанокот на нашата планета. Во првиот дел од своето предавање Крестон Дејвис ги истражува историјата и основните причини за неуспехот на либералната демократија од економско, политичко и културно гледиште. Во вториот дел тој ќе ја анализира организацијата на алтернативата на неолиберално-фашистичката моќ преку транснационалниот образовно-економски („едуменски“) систем на производство заснован на: (a) крипто; и (б) кооперативниот модел на сопственост, како што се, на пример, Fair-Coop и Глобалниот центар за напредни студии (GCAS).
13.12.2018 (четврток)
12:00 – 16:00 работилница за критичко пришување во изведбените уметности и литературата со Иван Додовски, прв дел
20:30 – 21:30 „Критиката во регионот“ (Словенија, Хрватска, Србија), разговор и промоција на книга
Промоција на книгите Напомош, читаме книга! и Опасно читање, поимник за книжевна критика
Промотори: Лука Остојиќ (ХР) и Миљенка Буљевиќ (ХР)
Дискусија Критиката во регионот cо: Лука Остојиќ (ХР), Миљенка Буљевиќ (ХР), Антонија Летиниќ (ХР), Миха Келемина (СЛ), Весна Милосављевиќ (СРБ), Душан Довч (СЛ) и Лујо Парежанин (ХР)
И во ова издание КРИК ќе се застапува за сегментот кој директно ја засега уметничката продукција – станува збор за критиката и критичката рефлексија. Без критика не може да има вистински исчекор, вистинска промена. Клучното прашање кое ќе се отвори со регионалната партнерска платформа „Kритичките ставови во регионот“ е што претставува критиката денес, со акцент на критиката на уметничките пратики и нејзината фрагментираност со процесите што ја условуваат нејзината трансформација. Каде се наоѓа денес критиката, кому се обраќа, која е нејзината улога и како таа ги наоѓа своите нови форми и јазици – се некои од прашањата на кои често се навраќаме и се обидуваме да ги држиме отворени во просторот на поширока јавна дискусија. Платформата „Критичките ставови во регионот“ е во партнерство со kulturpunkt. hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA-Љубљана (Словенија).
Booksa.hr заедно со партнерите Kontrapunkt, Kurziv, SEEcult и SCCA создадоа и објавија два поимници од областа на книжевната критика. Овие книги не се конвенционални поимници, бидејќи не ги дефинираат условите, но ги користат како почетна точка за да иницираат размисли за книжевноста, книжевната критика и нивната улога во современото општество.
Првиот поимник Опасно читање, поимник за книжевна критика е збирка на текстови од реномираните регионални книжевни критичари за различните аспекти на критиката. Тие објаснуваат како постојано променливиот социјален, политички и медиумски контекст влијае врз критиката и улогата на критичарот. Овој поимник ги разгледува односите меѓу текстот и контекстот, критичкото читање на новите медиуми, феминистичката критика, критичкото пишување за поезијата, односите меѓу академската и новинарската критика и влијанието на личноста на критичарот врз неговиот текст.
Вториот поимник Напомош, читаме книга! е антологија на сатирични текстови за фиктивниот лекар Др. Остојиќ,„литературолог“ за лекување на читатели – пациенти, кои се борат со болни значења на класичните книжевни дела. Овие текстови, претходно објавени како колумни на Booksa. hr, нудат нови толкувања на познати дела, повремено пристапуваат кон „сериозната“ литература и го прикажуваат влијанието што книжевноста и критичкото читање го имаат врз животот на луѓето.
Двата поимници го прикажуваат потенцијалот на критичкото читање и поширокиот контекст во кој се случува ова читање (и уметничката критика воопшто). Книгите ќе ги презентираат Лука Остојиќ, писателот на Напомош, читаме книга! и уредникот на Опасно читање, поимник за книжевна критика и Миленка Булевиќ, уредничка на Напомош, читаме книга! и претседателка на Kulturtreger, како и партнерите од Контрапункт, Kurziv, SEEcult and SCCA.
14.2018 (петок)
19:00 – 20:30 Презентација и дискусија за FAIRCOOP и Bank of the Commons
Целта на постоењето на FairCoop е да се создаде нов, иновативен, глобален, економски систем од самиот почеток, во корист на еден алтернативен и посткапиталистички модел кој би отворил пат кон колективна промена и заеднички соживот. Соработка, солидарнос и транспарентност се основни средства за создавање на вистински правен систем, еднаков за сите. Клучни фактори за нивниот успех се развојот и употребата на моќни меѓусебно поврзани дигитални алатки (глобално) и регионални мрежи (локално). Тие ги користат времето и енергија конструктивно и заеднички создаваат вистински алтернативи, преку примена на теориите во реалноста.
Нивната цел е создавање на глобална мрежа на самоорганизирани и самуправувачки локални заедници и поединци, независни во однос на насилната централизирана моќ и ограничувањата од истата. FairCoop своите принципи и моќ на определување ги дефинира колективно, во име на 99% од популацијата, додека пак нивната реализија е локална, според соодветните регионални потреби и околности. На овој начин луѓето ја преземаат контролата врз сопствените животи со тоа што имаат слобода да избираат различни модели на алтернативно општество кое се темели врз децентрализирана организациона структура. Нивната заедничка цел е создавање на независен екосистем,чија функција е да ја намали глобалната економска и социјална нееднаквост, што води до нова распределба на материјалните добра, сега достапни за сите. Како домино ефект, ваквата промена во сегашниот економски систем, ќе предизвика глобална промена, која би имала влијание на сите аспекти од животот, како што се образованието, здравството,електричната енергијата, домувањето, транспортот и создавање можности за повторно откривање на здрави и не експлоатирани односи со нашите блиски луѓе и природата.
Акциите на FairCoop заедницата се засноваат на три главни гранки на веќе постоечките принципи: Integral Revolution, P2P Collaboration, Hacker Ethics.
15.12.2018 (сабота)
20:00 – 21:30 Ана Вујановиќ, Германија/Србија (предавање со дискусија)
„Неколку размисли за под-идентитетот“
Во моментот на преиспитување на општествените категории, како што се нацијата и мноштвото, Ана Вујановиќ во своето предавање ќе отвори нови перспективи во промислувањето на идентитетите. Неодамна, идентитетските политики повторно станаа актуелни во уметноста и пошироко. Тоа може да биде корисен либерален и централно-лев инструмент во актуелниот европски контекст, кој се дефинирана со подем на десничарската политика и бегалската криза. Сепак, полемичкото прашање на Вујановиќ е дали политиката на идентитетот е најефикасниот инструмент за борба против екстремно десничарскиот национализам и популизам или можеби треба сите заедно да го смениме речникот. Со своето предавање, Вујановиќ сака да ја нагласи важноста да мисли „перформативноста на отпорот како гест на измислување нови, солидарни политички и социо-културни наративи“. Токму затоа таа предлага да се продлабочат разбирањето на индивидуата и сингуларноста како под- идентитетски категории на заедничкото. Низ предавањето ќе се акцентираат некои предлози што произлегуваат од современиот танц и изведувачките уметности, како што се оние од Лигија Луис и Дорис Улих, преку тезите за пре- и транс-индивидуалност на Пол Вирно, Гилберт Симонун и раните фази на Маркс.
21:30 – 00:00 затворање на дискурзивната програма на фестивалот
Биографии:
Ана Вујановиќ (Берлин / Белград) е истражувачка, писателка, драматург и предавачка, фокусирана на соединувањето на критичката теорија и современата уметност. Докторирала во областа на хуманистичките науки – театарски студии. Од 2016 година е членка на тимот и менторка на четврта година студенти на SNDO – Школа за развој на нов танц во Амстердам. Била член на уредничкиот колектив ТкХ од Белград и главен уредник на ТкХ – списание за теорија на изведувачки уметности (2001-2017). Работи како драматург во уметнички проекти од областа на перформансот, танцот, филмот / видеото и театарот, со уметнички како Марта Попивода, Естер Саламон, Кристин де Смед, Драгана Булут и др. Има објавено голем број публикации во списанија како as ТкХ, Maska, Frakcija, Performance Research како и четири книги од кои последна е Public Sphere by Performance, заедно со Бојана Цвејиќ (Ber- lin: b_books, 2012/2015).
http://www.anavujanovic.net/
Иван Додовски е професор по критичка теорија, литература и културологија на Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС). Тој е поет, раскажувач, книжевен и театарски критичар, преведувач и научен истражувач. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје студирал општа и компаративна книжевност со американски студии, а магистрирал во областа на македонската книжевност и наратологијата. Докторирал на Универзитетот во Нотингем, Велика Британија. Досега објавил три поетски книги, збирка раскази и бројни научни трудови, а приредил и десетина значајни томови од областа на книжевната наука, меѓународните односи и европските студии. Скорешниот научен интерес на Иван Додовски се однесува на врските меѓу литературата и политиката и репрезентациите на идентитетот, особено во современата драма. Иван Додовски е член на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, Македонското друштво за компаративна книжевност и на Друштвото на писателите на Македонија. Претседавач е на Македонскиот комитет на Европската мрежа за преводна драма „Еуродрам“ со седиште во Париз.
Крестон Дејвис е основач и директор на GCAS. Заедно со Славој Жижек, Клејтон Крокет и Џефри Робинс, во моментов ги ко-уредува Insurrections: Critical Studies in Religion, Politics & Culture (академска серија книги објавени од Columbia University Press). Има објавено повеќе книги, вклучувајќи гоPaul’s New Moment (заедно со Славој Жижек и Џон Милбанк), The Monstrosity of Christ, He- gel & the Infinite (заедно со Жижек и Клејтон Крокет), Theology & the Political (заедно со Жижек и Милбанк), Theology after Lacan: A Passion for the Real (заедно со Маркус Паунд и Крокет), и Contradiction & America (заедно со Ален Бадиу).
Неговите дела се објавени во Rethinking Marxism, Angelaki, Political Theology, Philosophy Today и други списанија. Го има напишано предговорот на Philosophical Temperaments: From Plato to Foucault and co-edited New Slant од Петер Слотерџик (академска серија книги објавени од Duke University Press). Покрај академските списи, тој пишува и за The European Magazine, Al Jazeera, Truthout, и The Huffington Post, а има напишано два романи (кои претстојат). Крестон Дејвис е, исто така, професор по филозофија на Alma Mater Europaea.
Споделено на: јануари 25, 2021 во 4:07 pm