Event by КРИК – фестивал за критичка култура
КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro
Сенките на занаетите – Скопје
Инсталација на светлина-сенка-звук
Уметник: Билал Јилмаз
Кураторка: Лидија Хаѕиоану
Отворање: 30.06.2022, 20:00 часот
„Сенки на занаетите – Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јулмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Creative – Craft Platform (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество. Проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.
Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот.
„Занаетот е клин што открива остри разлики во идеологиите за вкус и вредност. Занаетот ги поларизира и урива теориските позиции за тоа што значи создавање денес. Занаетот е современ бидејќи е стожерот помеѓу уметноста и трговијата, помеѓу работата и слободното време, помеѓу минатото и иднината. Не постои такво нешто како „современ“ и не постои такво нешто како занает. Со сите негови сложености, со сите негови различни регистри на значење низ историјата, низ класите, меѓу половите, низ институциите, занаетот е сѐ од овие нешта, некои од овие нешта, ништо од овие нешта.“
Џулија Брајан-Вилсон, „Единаесет (контрадикторни) предлози како одговор на прашањето: Што е современ занает?“, во Занает, ед. Тања Харод, Галерија Вајтчепел, 2018 година, стр. 68.
Креативни истражувачи: Билјана Клекачковска, Милена Сливоска, Ники Танурева, Христина Крстеска, Мелита Ивановска, Маја Стојковска, Ненад Трповски, Јана Коцевска, Марија Милошевска
Оригинален звучен пејзаж: Рубар Диндар
Фото: Ненад Трповски
***
Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија и Allianz Kulturstiftung, Креативна Европа.
__________________________________________________________________________
Споделено на: јуни 22, 2022 во 6:40 am