Воведни предавања

Воведни предавања 23.11.2016  19:30 „Stratigos Тито - карате: поетика на пречекорувањето, или „мешање на меморијата и...

Воведни предавања

23.11.2016 

19:30 „Stratigos Тито – карате: поетика на пречекорувањето, или „мешање на меморијата и желбата“

Предавање на Светлана Слапшак  

20:15 Ана Вујановиќ во дијалог Светлана Слапшак

Апстракт:

Насловот содржи два цитати: прво, во модерна Грција (Маршал Тито – карате) е најава за филмска програма од 1974 година во киното Идеал во Aтина, коe 24 часа на ден прикажувалo порно и карате филмиви, речиси исклучиво за мажи од работничката класа, кои истовремено имале можност да се хранат по намалени цени во ресторанот со исто име и во истата зграда. Гореспоменатиот филм всушност е познатиот југословенски филм, наградуван на многу странски фестивали, Битката на Неретва. Како тој завршил во ваков контекст, може да се рефлектира во поетиката на пречекрување, одложено добивање смисла, како што е илустрирано во вториот цитат од Пуста земја на Т.С. Елиот:

                           …мешање (крај на стихот)

                    сеќавање и желба (почеток на следниот стих)

​Програмата на киното Идеал, како што сугерира неговото име, беше/е направена од сеќавање и желба (карате и порно). Насилството, вткаено во меморијата, е основен наратив на сите општествени односи детерминирани од моќта, кои потоа се реконструираат, а понекогаш и се превртуваат во пропишани и забранети сексуалности. Се реферира на општествено прифатливото насилство со гарантирано сеќавање по примерот на Атинската демократија: polemos (одбрана, војна), apoikismos (колонизација) and stasis (граѓанска војна)  се поврзуваат со трите форми на сексуалност дефинирана од патријархатот-хиерархиска хомосексуалност, силување и бисексуална тензија.  Под ,,власта на фалусот” , како што го дефинира Ева Кеулс, критиката и отпорот се длабоко поврзани со родот и сексуалноста (Аристофан, Еврпид, па дури и Платон). Како трите антички форми на сексуалност може да не поттикнат да ги преосмислиме и реформираме критиките/критицизмот на насилството? Како да конструираме нови мнемотехники кои не му служат на насилството и патријархатот? Како да се преoдреди архивирањето со воведување сексуалност, еротика и љубов? Дали е ова начи на обременување на меморијата со наративот на sexerlove наметсо наративот на насилството. Дали пречекорувањето е соодветно на семантичка техника за да се направи тоа?

25.11.2016 |

20:30 „Насилство на информациите и апликациите: „Современата уметност“ нa затворање“

Предавање со Бранислав Димитријевиќ

21:15 Бранка Ќурчиќ и Славчо Димитров во разговор со Бранислав Димитријевиќ

Една од карактеристиките на нашата актуелна состојба е дека формите на информација ги заменија формите на мислење во процесот кој води до една особена форма на хипер-знаења. Опсесијата со информациите е предуслов за фетишизација на она што го структурира канонот на современата уметност. Преку постојаниот проток на споделување и достапност на информации создадовме густо ткаена маска прикривајќи ги нашите главни неспособности и слабости, нашите главни тригери на фрустрацијата: неспособноста да го спознаеме тоталитетот на сегашноста. Современата уметност е начин за практикување на ваквата неспособност, и, во нејзината најлоша пројава, таа едноставно го повторува бранот на информацискиот проток, но во нејзините најдобри облици таа ја практикува неспособноста да се спознае сегашноста (да се спознаат нашите „работи“) отварајќи фрактури во сегашноста. Нашата неспособнотс да се спознае сегашноста е токму индикатор за вистинската сегашност, и може да отвори концепт за нејзино промислување.

Ако се обидеме да му се спротиставиме на доминантниот поглед за уметноста како „форма на продукција“ (ако не материјална продукција тогаш продукција на настани за информација и на информации за настани) и ако се обидеме да ја сметаме уметноста како „форма за мислење“, би можеле да ја осознаеме нејзината општествена улога наместо улогата на непосреден преносител на апликации кои им служат на веќе структурираните дискурси. Како што вели Луис Камницер: „Уметничкото мислење е мета-дисциплина која постои за да помогне да се прошират границите на другите форми на мислење.“ Значи, не станува збор само за „дејствување“ наспроти „измислување“ на алтернативи на доминантниот политички поредок (како во каноните на „артивизмот“), туку станува збор за вoспоставување релации и проширување на формите и структурите на мислењето кои се стеснети од ваквиот поредок. Општествената улога на уметноста во современиот капитализам главно е сведена на неколку функции/апликации, и во периферниот свет ваквото затворање, ваквото сведување е неконтролирано: вулгарната културна глорификација на националните идентитети и институционалниот атавизам на модерните форми на уметничка автономија, се спротиставени на уметноста која е редуцирана на „инкубатор“ за креативни идеи кои директно му служат на капиталот, или е сведена на тоа да игра улога во идеологијата на „репресивната толеранција“, што е другата страна на паричката на нормализацијата на насилството. Оттука, прашањето не е како да се обидеме да го преобмислуваме поимот на уметничка автономија, бидејќи нејзините форми се веќе изгубени, туку како да го заокружиме затворањето на уметничките процеси кои се подредени на арбитрарните процеси на капиталот.

26.11.2016 | 

19:30 “Економско насилство – несвесни за него, иако секојдневно со него”

Предавање на Бранимир Јовановиќ

20:15 Бранимир Јовановиќ во разговор со Петар Гошев и Кристина Ампева

Со насилството се соочуваме кога гледаме бездомници одејќи на работа. Кога гледаме мали деца што просат, наместо да одат во училиште. Го доживуваме кога некој наш близок умира бидејќи нема пари за на лекар. Го искусуваме кога сме ограбени од некој што живее во сиромаштија и станува криминалец за да преживее. Го гледаме кога родителите на нашиот пријател умираат во поплавата затоа што немаме пари за канали, но имаме за споменици. Го гледаме кај шивачките кои се принудени да работат дење и ноќе, во нечовечки услови, за 150 евра месечно, во фабрики на типови што возат коли од 100 000 евра. Во овој разговор, Бранимир Јовановиќ ќе раскаже неколку вакви приказни за економското насилство, ќе елаборира како тие се поврзани со постоечките економски структури и ќе се дискутира како треба да се променат овие структури.

03.12.2016 | 

18:00 „Политиката на избор како политика на насилство“

Предавање на Рената Салецл

19:00 Катерина Колозова во разговор со Рената Салецл

Болката на цивилизацијата и болката на индивидуата одат рака под рака. Поради тоа, општествените промени влијаат на симптомите на болка од која страдаат луѓето и новите симптоми, кои тие ги развиваат, секако, имаат влијание врз општеството во целина. Во последната деценија, имаше многу дебати во психоаналитичките кругови околу тоа како социјалните промени, кои ги доживуваме во постиндустрискиот капитализам, се одразуваат кај индивидуите. Идеологијата на постиндустрискиот капитализам во голема мера се потпираше на идејата на избор, слобода, самоопределување и бескраен прогрес.На другата страна на оваа идеологија се наоѓа зголемената анксиознос и чувство на неадекватност на индивидуата, како и вина поради неснаоѓањето во денешниот свет. До неодамна, идеологијата на избор всушност многу добро функционираше во насока на превенција на какви било прашања околу можната општествена промена. Поединецот попрво ќе се ангажираше во контикуирана себе промена, често до точка на автодеструкција.

Идентификацијата со идеологијата на промена, од една страна, придонесе за формирање нови психолошки имптоми, каде луѓето си наметнуваат нови форми на агресија кон себеси, додека, од друга страна, таквата идентификациа охрабруваше разни форми на социјално насилство. Предавањето ќе се осврне на новите случаи на агресија кои луѓето си ги наметнуваат себеси и на другите. Ќе  се  разгледа и начинот на кој правосудниот систем се повеќе се идентификува со фиктивни изрази на насислтво, како што се претставени во филмовите и телевизиските драми, особено кога трага по вистината за субјективноста во неговите или нејзините гени или мозок. Како заклучок, ова предавање ќе се осврне на можта на незнаењето и негирањето, која игра важна улога во начинот на кој насилството станува задната страна на идеологијата на избор.

​25.11.2016

“Како би можело да изгледа – кон политички и историски теми преку видео”

Предавање и видео проекции на Зилке Витиг

Базирано на конкретни примери, предавањето се фоксира на можностите и методите на видео медиумот во пристапување кон политичките, историските и општествените прашања. Во споредба со филмот и класичните фини уметнички жанрови, природата на видео медиумот, неговиот придонес кон автономизацијата на продуцентите и бројните методи за процесирање слика, го предодредува видео артот за критичка рефлексија на историските феномени и поврзаните тврдења за вистината. Предавањето вклучува прикажување на дела од Мариа Тереза Алвес, Јаел Бартана, Филипа Цезар, Рабин Мру и Оливер Реслер. Избраните дела оцртуваат алтернативни наративи за етаблирање историја и ги рефлектираат минатото и сегашноста преку вклучување на историски и скорешни политички настани, како и лични искуства. Понатаму, тие целат кон создавање простори за сеќавање и форми на личнo усвојување на историјата, правејќи ја разбирлива поврзаната субјективизација. Основана во 1971, како иницијатива на уметници и културни продуценти, Видео-форумот на Neuer Berliner Kunstverein со над 1.600 видео арт дела е најстарата и една од најголемите колекции на видео арт во Германија. Во фокусот на колекцијата се Флуксус, феминистичко видео, историско современа видео уметност од Берлин, како и разновидни медиски пристапи. Клучни дела кои датираат од раната фаза на видеото се застапени подеднакво со современите продукции. Дополнително, во изминатите неколку години, се става особен акцент на уметноста од Источна Европа.

​Видео селекција:  

Filipa César: The Embassy, 2011, 37:00 min (исечок од ок. 5 мин); Rabih Mroué: Face A / Face B, 2002, 9:58 min; Maria Thereza Alves: Tchám Krai Kytõm Pandã Grét – Male Display Among European Population, 2008, 2:21 min; Oliver Ressler: This is what democracy looks like!, 2002, 38:00 min (исечок од ок. 5 мин); Yael Bartana: The Recorder Player from Sheikh Jarrah, 2010, 7:20 мин.

Прикажаните видеа се дел од колекцијата на n.b.k. Видео форумот

Биографии:

Светлана Слапшак завршила Класични студии/лингвистика на Универзитетот во Белград, и по магистратурата на преводите/позајмувањата на грчкиот збор SHEMA и докторатот за преводите, адаптациите и позајмувањата од грчкиот јазик во Српскиот речник на Вук Караџиќ, таа се префрла на Балканологија и Женски студии, во 1980-тите. Како студентка дисидентка, а подоцна авторка и активистка, честопати била малтретирана од тајната полиција, а пасошот и бил одземан повеќе пати во текот на седум години, 1968-1988. Откако во 1988 година добива отказ од Институтот за уметност и Литература во Белград, после наместен судски процес од страна на режимот на Милошевиќ, а во врска со нејзиното јавно спротивставување на српскиот национализам и распадот на Југославија, како и нејзината акција во корист на најдолго притворениот затвореник на совеста во Југославија, Адем Демачи. Во 1991 година Слапшак се сели во Љубљана. Таа е координатор за Антропологија на античките светови и антропологија на родот на ISH (Institutum Studiorum Humanitatis),на љубљанската Школа за хуманистички науки, декан на институтот од 2005-та, главен уредник на кварталното списание за женски студии и култура од Белград ProFemina, уште од 1994-та, претседавач на Женските студии на Ратгерс САД (1994-1995), поканета на EHESS Париз 1998; Соработник на NIAS, Wassenaar, 1999-2000; Соработник на Max Planck Institute, Берлин, 2000; Соработник на Collegium Budapest, 2005. Добитничка е на наградата за есеи Милош Црњански во 1990, Наградата за слобода на изразување на американскиот ПЕН во 1993, Watch Award во Хелсинки 2000; Helen Award во Монтреал во 2001.

​Ана Вујановиќ е независен културен работник во полето на современите перформативни уметности и културата. Таа е доктор по драмски студии. Член е на уредувачкиот колектив TkH [Теорија која хода], теориско-уметничка платформа од Белград и е главна уредничка на TkH списанието за теорија на изведувачките уметности. Особена нејзина заложба и посветеност е да ја зајакне независната (културна) сцена во Белград и поранешна Југославија. Како драматург и ко-авторка таа учествува во уметнички проекти кои ги опфаќаат полињата на перформанс, театар, танц и видео/филм. Во моментов работи на независен истражувачки проект насловен како: Performing the Self in the 21st Century, заедно со Бојана Цвејиќ и Марта Попивода од TkH.

Зилке Витиг e кураторка и уредничка. Студирала фотографија и дигитални медиуми кај Stan Douglas и Hito Steyerl на Универзитетот за уметности во Берлин и на Високата национална школа за убави уметности во Париз. Од 2010-2012 работи како менаџерка во културата во НВО Лоја во Тетово, како стипендист на фондацијата Роберт Бош. Од 2008 таа работи во уметничката институција Neuer Berliner Kunstverein во Берлин, потоа како Раководител на комуникации и јавна програма (2012-2016), и моментално како уредник и кураторка. Таа курирала неколку меѓународни изложби и видео-селекции.

Бранислав Димитријевиќ е професор по историја на уметност и визуелна култура на Школата за уметност и дизајн во Белград и предава Историја на уметност на Академија Нова во Белград. Димитријевиќ студирал Историја на уметност на Универзиетот во Белград и магистрирал историја и теорија на уметност на универзитетот во Кент, Велика Британија, под менторство на професор Стеивен Бан. Негови главни теоретски и кураторски интереси се: визуелна теорија и култута, уметноста во јавниот простор и релациите во општата култура, политика и идеологија. За неговите есеи е добитник на наградата Лазар Трифуновиќ за уметничка критика и Душан Стојановиќ за филмска теорија. Димитриевиќ уредувал повеќе изданија, публикации и каталози за изложби.

Славчо Димитров дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ, Скопје. Магистрира на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитетот  Кембриџ. Тој е еден од основачите на Центарот за истражувања на идентитети, култури и политики, ИПАК Центар во Белград. Во Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници работи од почетоците на нејзиното основање, како член, координатор и како директор. Неговиот активистички интерес се однесува на политиките на настраноста (квир политики), сексуалното и родовото граѓанство и еднаквост, правата на маргинализираните заедници и нивното испресекување со прашањата со социјална правда.

​Бранка Ќурчиќ е писателка и критичарка на уметноста. Во 2001 ги завршува студиите по уметност на академијата во Нови Сад, а потоа магистрира теории во уметноста и медиумите на белградскиот универзитет. Од 2002 работи како програмски уредник во Центарот за нови медиуми kuda.org во Нови Сад, во чиј оддел за издавачка дејност, kuda.read, е исто уредник. Центарот kuda.org се фокусира на истражување критички пристапи кон новата медиумска култура, технологии, новите релации во културата и современите уметнички пракси и општествената сфера. Бранка Ќурчиќ, од 2006, е ангажирана во основањето и водењето на Младинскиот центар CK13 во Нови Сад – независен и едукативен проект посветен на стимулација и развој на општествената ангажираност и политичкиот активизам на младите.

Бранимир Јовановиќ е економски истражувач чија специјалност е применетата макроекономија. Има докторат од Универзитетот од Рим „Тор Вергата“ и магистратура од Универзитетот Стафордшир од Англија. Има истражувања на теми како монетарна политика, фискална политика, девизни курсеви, дознаки од странство, економски раст, инвестиции, сиромаштија, нееднаквост, невработеност. Работи во Скопје, на Институтот за општествени и хуманистички науки. Моментално поле на преокупација му се нееднаквоста и сиромаштијата.

Петар Гошев е македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во 1971 година, а во 1983 станал магистер по економски науки. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија. Гошев во 1993 ја формира Демократската партија. При тоа е избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станува претседател на Либерално демократската партија. На функцијата гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година.

Кристина Ампева сопруга, мајка на три деца, веќе седум години вработена во текстилна индустрија. Граѓански активист, поборник за човекови и работнички права,претседател на Здружението на граѓани на текстилни и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО, кое веќе го препознаваат под името Гласно.

Рената Салецл е филозоф, социолог и правен теоретичар од Словенија. Таа е истражувач на Институтот за криминологија, на правниот факултет на универзитетот во Љубљана и е професор на Birkbeck College, University of London. Таа исто така била визитинг професор на London School of Economics, каде предавала на тема емоциите и правото. Секоја година предава на тема психоанализата и правото, на Benjamin N. Cardozo School of Law во Њу Јорк, а предава дополнително и на курсеви за неврологија и право. Понатаму, од 2012, таа е визитинг професор на одделот за општествени науки на Health and Medicine at King’s College London. Нејзините книги се преведени на тринаесет јазици.

Катерина Колозова докторка на науки, е директорка на Институтот за Општествени и хуманистички науки – Скопје, и професорка за родови студии на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Таа исто така, е визитинг професорка на неколку универзитети во бивша Југославија и Бгарија. Во 2009, Колозова била визитинг професорка во одделот за реторика (Program of Critical Theory) на Универзитетот во Калифорнија – Беркли. Таа е авторка на Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy (Columbia University Press, 2014) и Toward a Radical Metaphysics of Socialism: Marx and Laruelle (punctum books, 2015).

Фото галерија од настанот > Крик 01 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org) <


Споделено на: јануари 25, 2021 во 3:37 pm