„Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ предавање на Раед Саадех

КРИК - фестивал за критичка култура and Kontrapunkt КСП Центар -Јадро Cо предавањето „Во потрага по убавината на...


КРИК – фестивал за критичка култура and Kontrapunkt

КСП Центар -Јадро

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура, оваа година под наслов „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“

„Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ предавање на Раед Саадех зборува за да се заштити континуираното постоење на Палестинците како окупирана нација и нивната политичка иднина, како и да се зачува нивното материјално и нематеријално наследство, особено во позагрозените области, оние кои се блиску до населбите, но и во оддалечените области, од витално значење е да се бараат карактеристични елементи кои ги формулираат специфичните идентитети на овие потенцијални дестинации со културно наследство, каде туризмот може да се согледа како алатка за издржливост и развој. Идејата за потрагата по убавината на Палестина која е вродена во нејзината демографска, културна, еколошка и природна разновидност е од витално значење за народот чии корени и наративи се оспорувани и искоренети од израелската окупација. Ова предавање ќе се обиде да претстави пристап кон одржлива сензибилизација на специфичните културни идентитети на овие локалитети и методологија за селата, градовите и другите заедници, со цел, да се формулира стратегија на одржливост и развој.

Биографија
Раед Саадех е активист и застапник на туризмот во заедницата и зачувувањето на културното наследство во Палестина. Тој е поранешен претседател на арапската (палестинска) хотелска асоцијација. Тој е ко-основач и претседател на „Розана“ – здружние за конзервација на архитектонското наследство и развој на руралниот туризам, со седиште во Бирзеит. Раед Саадех е, исто така, сопственик и генерален директор на хотелот Ерусалим, во Ерусалим, хотел за наследство, за кој тој ги направи концептот и дизајнот. Првично обучен како машински инженер Дипл. на Универзитетот Сиракуза, во Њујорк, по што магистрирал на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, во Кливленд. Тој е ко-основач и член на одборот на „Палестинскиот уметнички суд“, член на одборот на Фондацијата за современа уметност „Мамал“, претседател на организацијата „Sunbula“ за фер трговија и развој на ракотворби и ко-основач и поранешен претседател на „Yabous Productions“ за изведувачки уметности. Неговите сегашни напори се фокусирани на развивање на концептот на туристички одбор на Алкудс/Ерусалим, кој е наменет да ги максимизира економските придонеси и придобивки на локалната заедница во Алкудс. Исто така, тој е и еден од главните лидери и ко-основач на „Мрежата за искуствени палестински туристички организации“, како и ко-основач и претседавач на „Palestinian Heritage Trail“.

—-
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Односи со јавност на фестивалот: Александра Бубевска.
—-
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад, и Културтрегер од Загреб.
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.
—-
Контрапункт и фестивалот КРИК се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институтот, Европската Унија преку проектите на Креативна Европа, Re-Imagine Europe и Peripheral Visions. Настанот се реализира во соработка со КСП Центар Јадро.


Споделено на: септември 2, 2023 во 10:14 pm