Театарот на угнетените: Практика на отпор и општествена преобразба

Ве покануваме на настан посветен на Театарот на угнетените на Аугусто Боал – театарска и општествена...

Ве покануваме на настан посветен на Театарот на угнетените на Аугусто Боал – театарска и општествена практика која го спојува уметничкото дејствување со борбата за правда, солидарност и помирување.

Преку примери, практични интервенции и разговор, ќе се отвори простор за размислување за театарот како алатка за отпор, за јавно преиспитување на угнетувањето и за создавање можни алтернативи во реалниот живот. Театарот овде не е само претстава, туку процес – „проба за реалноста“ во која гледачите стануваат активни учесници.

Настанот отвора простор за заедничко промислување и дејствување околу теми што често остануваат невидливи или маргинализирани во јавниот дискурс, како што се:

▪️ Родовото насилство како тивка последица на политичко-општествените конфликти, особено во периоди на транзиција и криза, кога насилството се нормализира, економската несигурност расте, а траумата се пренесува во секојдневниот живот.
▪️ Замолчувањето на женските искуства во процесите на справување со минатото, каде страдањето и активната улога на жените ретко се признаени, а недостасуваат родово чувствителни архиви, истражувања и јавни политики.
▪️ Потребата од интерсекциски и транс-етнички пристап во помирувањето, кој го препознава родовото и семејното насилство како системски, а не приватен проблем, и отвора простор за солидарност и заедничко дејствување надвор од етничките и општествените поделби.

🎬Режисер и водител на настанот (Џокер):
Зоја Бузалковска

🎭Играат:
Александар Степанулески
Ангела Пејковска
Лора Штарго
Мартин Мазнев

Визуелни интервенции: Ѓорѓе Јовановиќ

🎛️Технички продуцент:
Павле Игновски

Настанот е наменет за сите кои веруваат дека уметноста и културата можат да бидат средство за општествена преобразба, заедничко учење и колективно дејствување.

Настанот е организиран во соработка со Форум цивилен мировen сервис – ПроПис Северна Македонија.


Споделено на: декември 9, 2025 во 1:11 pm