Временска рамка на проектот: 2007 – 2008 година
Проектот има за цел да создаде услови за мултикултурен дијалог, аргументирана дискусија и критичка дебата за контроверзните прашања за човековите права. Македонското досие за прашањата на човековите права не е задоволително. Македонија обично го зазема дното на списоците на институциите за набудување на човековите права, заедно со земјите кои немаат демократски системи.
Постојат неколку озлогласени случаи, кои стигнале дури и пред тела како што е Советот на Европа. Внатрешната атмосфера во земјата е обележана со нетолеранција, јавниот простор е преокупиран со говор на омраза, незнаење и неможност да се разберат потребите и позицијата на другите.
Државава дојде до работ на граѓанска војна во 2001 година. Оваа ситуација мораше да се смени со темелни активности. Прво, преку едукација на креаторите на мислење, активистите и новинарите, како да препознаат, презентираат и да се справат со контроверзни прашања околу човековите права. Оттука, преку создавање на конкретни простори каде што ќе се дискутира за прашањата и ќе се применуваат новите знаења, целта беше да се воведе духот на демократскиот и отворен дијалог со аргументирано дебатирање во врска со прашањата за човековите права, кои се едни од најкревките прашања во нашето општество. Зголемување на свеста за концептот и методите на критичко мислење е со цел да се отворат контроверзни теми и конструктивни полемики, критичка дискусија и јавна дебата за контроверзни прашања за човековите права. Идејата е да се мобилизираат капацитетите на локалната заедница, медиумите и невладиниот сектор за да се отворат запоставените прашања од граѓанскиот интерес. Критичката јавна дебата овозможува артикулирање на различни ставови и интереси, преку форум кој се карактеризира со рационални аргументи и лична почит.
Важно е да се создаде лоби група на влијателни и добро квалификувани креатори на мислења кои ќе станат „корективни“ во реалните и доминантни дискурси каде не можат да се применат главните принципи на човековите права. Исто така, имавме за цел да влијаеме на официјалните образовни власти да вклучат методи на критичко размислување и дебатирање во врска со прашањата за човековите права во рамките на факултативната, изборната програма.
Дел од програмата за обука,покрај предложената тема за дебати и соработка со медиумските записи, ќе биде и споредување на европските и националните институции и организација за промоција, следење и заштита на човековите слободи и права. Да се анализира како се структурирани, како работат и што треба да се стори за да се дојде до подобрување на нивната работа. Подобрување на стандардите за критичка дебата за контроверзни прашања за човековите права; стекнување критички вештини за унапредување, следење и заштита на човековите слободи и права.
Школата за критичко мислење и дебатирање е финансирана од Европската комисија, промовира концепт на човекови права со употреба на методи и техники на критичко размислување и дебатирање.
Споделено на: јануари 25, 2021 во 1:39 pm