ФРЕИРАУМ („Слободен простор“) е проект на Гете-институтот во соработка со 53 останати организации од областа на културата и уметноста, истражувачката заедница и граѓанското општество.Околу 40 градови во Европа до март 2019, ќе дискутираат на прашањата: Што значи слобода во денешна Европа? Каде слободата е во ризик? Како можеме да се заштитиме?
Збратимени европски градови развиваат проекти на тема актуелни социјални проблеми и се борат со концептот на слободата, разменувајќи ставови и создавајќи нови мрежи. Во овој контекст збратимените градови Копенхаген и Скопје, ги поставуваат прашањата: Како еден град може да обезбеди социјална разновидност и хармоничен соживот? Како обемот на слободата во јавниот простор се менува со текот на времето?
Силното граѓанско општество е основата за демократска и плуралистичка заедница. Во соседните земји, па дури и пред нашиот праг, ние оддеднаш продолжуваме дебати за кои многу од нас, одамна мислеа дека завршиле. Институциите имаат посебна одговорност сега: да ги предизвикаат претпоставените сигурности и да бараат дијалог еден со друг – дури и кога заедничката основа не е очигледна.
Гете институтот е институција со со европска мисија. Тие се залагаат за визијата за европска интеграција и заеднички европски културен простор, заснован на културна разновидност и посебност – истовремено свесни за кризата на таа визија денес. Не наивниот ентузијазам, туку подготвеноста за започнувањена продуктивен дијалог треба да нè води напред.
————————————
Фрајраум доаѓа во Берлин од 12 до 17 март 2019 година. Во соработка со ZK/U – Center for Art and Urbanistics и Тhe Mercator Foundation, селектирани Фрајраум парови ќе ги презентираат резултатите од нивната размена. The Mercator Foundation е домаќин на така наречената Open Situation Room, експериментален настан во кој германски и интернационални експерти, партнери на проектот Фрајраум, локални активисти и политичари ќе дискутираат за различните аспекти на слободата.
За реализација на проектот Фреираум, Гете-институтот ја активираше својата широка европска партнерска мрежа со намера за разгорување на дијалог помеѓу партнери од културниот сектор и граѓанското општество. Во тандеми од два града коишто меѓусебно соработуваат, се разгледуваат неколку клучни и многу актуелни прашања: Која е состојбата на слободата во денешна Европа? Каде е таа изложена на ризик? Како можеме да ја подобриме? Уметнички и дискурзивни формати кои се однесуваат на овие прашања беа создадени на околу четириесет различни места низ цела Европа. Проектите од Никозија до Карлајл и од Мадрид до Талин беа претставени пред јавноста уште од почетокот на летото 2017 година.
Како дел од проектот, скопскиот претставник Контрапункт во партнерство со Фестивалот за Архитектура од Копенхаген, сними уметнички филм во Копенхаген наречен „Номадски идентитети- талкање низ слободата во себе“ кој испитува неколку теми, важни за современата перцепција на поимите слобода, идентитет, миграција. Паралелно со ова, во Скопје Фестивалот за Архитектура сними, исто така, уметнички филм наречен „Промена на идеалите, рекреирање на слободните простори“ филм кој се занимава со прашањето како се отсликуваат демократијата и идентитетот во дизајнот и употребата на јавниот простор и културното наследство во Скопје.
Двата филма премиерно беа презентирани пред јавноста на 07.12.2018 како дел од програмата на фестивалот за критичка култура КРИК, во организација на Контрапункт.
Дел од проектот беше претставен на:
КРИК Фестивал критичка култура | 07.12.2018
Музеј на современа уметност – Скопје
19:00 – 19:45
Скопје – Менување на идеалите, ре-преговарање на просторот, Copenhagen Architecture Festival (ДК)
видео проекција
20:00 – 20:45
Номадски идентитети – талкајќи во внатре во слободата, Контрапункт-Скопје (MK)
видео проекција
https://www.youtube.com/watch?v=G2zuYK0CuGc – да се прикачи видеото
20:45- 21:45
ФРЕИРАУМ, Јоханес Еберт (Г)
Воведно предавање проследено со дискусија помеѓу Јоханес Еберт и Сигне Софи Богилд, модерирана од Елена Вељановска
https://www.youtube.com/watch?v=0Aw4XFGbyuI&feature=emb_title – да се прикачи видеото
*Јоханес Еберт е генерален секретар на Гете институтот. Првпат започнал да работи во Гете институтот во 1991 година, по завршувањето на студиите по политички науки и исламски студии во Фрајбург во Брајсгау. Во 1990 година бил на практична обука во весникот во Хајлброн, но во 1991 година се вратил во Гете институтот каде, меѓу другото, објавувал за Абиџан, Рига и Киев. Почнувајќи од 2002 година, Еберт бил на функцијата регионален директор, најпрво во Каиро, потоа во Москва. Потоа на 1 март 2012 ја преземал функцијата генерален секретар, а, исто така, ја има и функцијата на портпарол на одборот на директори. Во 2016 година тој бил реизбран за генерален секретар на Гете институтот за наредните пет години.
——————————————————————————————————————————————–
Како дел од проектот беше создаден и филмот „Пет приказни за слободата“
https://www.youtube.com/watch?v=Gxx8EZCsycg – да се прикачи видеото
——————————————————————————————————————————————–
„Димензии на слободата“
е во организација на Гете-институт Скопје – културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет, го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка
и
Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики- Скопје
Логистички партнер е Музејот на современа уметност од Скопје.
https://www.youtube.com/watch?v=UiY9Q11PwY0&feature=emb_title – да се прикачи видеото
СЕМИНАР НА ТЕМА „ДИМЕНЗИИ НА СЛОБОДАТА“
Музеј на современа уметност,
7.10.2017,10:30 – 17:30ч.
Предавачи на семинарот:
Љубомир Данаилов Фрчкоски
Сашо Орданоски
Беса Арифи
Бранимир Јовановиќ
Европа се наоѓа пред промени. Популистичките и националистичките партии добиваат поддршка во многу земји. Скептицизмот кон Европската Унија, кој беше изразен во референдумот за Брегзит, не е ограничен само на Велика Британија. Кризата со бегалците отвори нови прашања на кои европската политика нема едногласни и обединети одговори. Европа се соочува со предизвици на многу нивоа и е во потрага по решенија.
Во контекст за овие специфични предизвици, Гете-институт во 2017 година го започнува проектот „Сфера на слободата“, кој ќе се реализира и во текот на 2018 година, како и на почетокот на 2019 година. Неговата клучна точка е концептот на слободата, кој уште од Просветителството, беше суштински важен за културната историја на Европа и за европското чувство за идентитет.
Но, ветувањето зад овој концепт го загуби својот сјај. Некои од клучните основи врз кои се градеше европската мисла и мислата за Европа се загрозени и се доведуваат под прашање. Во светлината на овие случувања, сакаме да создадеме платформа за дијалог преку која ќе се дискутира за прашања поврзани со слободата и идентитетот, слободата и економијата, слободата и Европа. Како дел од оваа платформа во настанување, ќе биде реализиран еднодневен семинар на кој четири еминентни професори, истражувачи, експерти и креатори на јавното мислење ќе ги презентираат своите концепти и можни решенија за унапредување и понатамошно суптилизирање на наведените прашања и предизвици со кои се соочуваме во заедничкиот европски простор/контекст.
Темата на предавањето на Љубомир Фрчковски е „Идентитети и слободата“. Во рамки на предавањето ќе бидат опфатени аспектите на промена на концептот на културата во постполитичките општества, општествата на ризик или едноставно неолибералните општества, и логика на конституирање на новата политичка улога на културниот идентитет. Ќе се зборува за интервенцијата на правото во повторното поставување на границите на вклучените и исклучените идентитети и во тој контекст за претворањето на правата на човекот во нова политика на моќ. Исто така, ќе бидат разгледани и основите за можната радикална политика на еманципација на слободата.
Семинарот на Сашо Ордановски, конципиран како разговор, се занимава со следниве теми: кои се границите и сфаќањето на слободата во време на темелни дилеми за проблемите на современата демократија и предизвиците што ги поставува развојот на технологијата врз сфаќањето на приватноста и слободата на говорот како едни од темелните вредности на демократскиот политички модел? Какви се перспективите на реформата на демократскиот модел и кои се компетитивните општествено-политички модели што ѝ конкурираат на демократијата? Конечно, каде се наоѓа Македонија во приказната за слободата?
Предавањето на Беса Арифи е насловено „Слобода, идентитет и заштита од омраза“. Концептот на слободата е тесно поврзан со човековите права. Тој може да се однесува на слободата на говорот, како и на слободата да се изрази сопствениот идентитет. Понекогаш овие концепти се прелеваат еден во друг и е тешко да се воспостави тенката црвена линија помеѓу слободата на говорот и вмешувањето во слободите и правата на другиот. Целата на ова предавање ќе биде да се дискутира за овие ограничувања во контекст на конзервативните општества кои се борат да одржат одредено ниво на политичка слобода и не паѓаат во отворено тоталитарно владеење. На семинарот ќе се дискутира и за искуствата во земјите од Европската Унија и САД во однос на ограничувањата на слободата на говорот и инкриминацијата на говорот на омраза, а овие искуства ќе бидат споредени со реалноста во Македонија.
Бранимир Јовановиќ ќе зборува за врската помеѓу економската состојба, слободата, демократијата и авторитарните режими. Тргнувајќи од прашањето дали може да се биде слободен во ситуација на неповолна економска состојба, тој ќе ја стави под знак прашање (нео)либералната теза дека социјалните разлики се небитни за демократијата. Потоа ќе се обиде да го објасни ширењето на авторитарни режими во последно време. На крајот, ќе даде негово видување за тоа што треба да се стори за да се спречат овие појави во иднина.
Споделено на: февруари 24, 2021 во 3:23 pm