23.11.2016 | Читачки групи
Организирање читачки групи за темелно читање пропратено со дискусија на избрани делови од две книги, кои го обработуваат проблемот на политичка субјективност, а кои неодамна беа преведени во Нови Сад и Загреб: Онтологија на незгодата од Кaтрин Малабу и Антропологија на името на Силвиан Лазарус.
Антропологија на иметo силно аргументира дека политиката е мисла, која сочинува сопствено поле и категории, различни од политичките науки, економијата, историјата или филозофијата. Во книгата се тврди дека политиката, не е постојана карактеристика на општеството: тaа е ретка и секвенцијалнa.
Онтологија на несреќата, преиспитува радикални трауми во кои историјата на субјектот се раздвојува и нова, персона без преседан, почнува да живее во субјектот, родена во и од незгода. При спроведувањето на ова испитување, Катрин Малабу артикулира со единствена јаснотија еден нов каузален режим, режим каде што се случуваат настани кои не и должат ништо ниту на помислата на настанот, ниту на која било постоечка теорија на психичката траума.
Читачка група 1: Силвиан Лазарус: “Антропологија на името”
Модератор: Бранка Чурчиќ
Читачка група 2: Катрин Малабу: “Онтологија на незгодата”
Модератор: Анте Јериќ
24.11.2016 | Спринт презентација на книги
Презентери: Мика Буљевиќ, Бранка Чурчиќ, Зоран Гајиќ, Никола Гелевски.
Спринтот од презентација на книги е серија на петминутни презентации во која секој учесник претставува свој избор од три книги од мали радикали оздавачи од нивниот комнтекст на територијата на поранешна Југославија. Насловите на книгите ќе останат изненадување до почетокот на спринтот.
24.11.2016 | “Јас сум член на буржоаската класа”
тркалезна маса
Учесници: Јелисавета Благојевиќ, Леонардо Ковачевиќ, Артан Садику | Модератор: Анте Јериќ
Лудилото е ендемско во полу-периферијата, пишува Франко Морети, ,,бидејќи во овие општества фатени во тесно, каде што економските бранови што потекнуваат од сржта на капитализмот удираат со несфталиво и хиперболично насилстви, ирационалното однесување станува еден вид рефлекс, кој го репродуцира текот на светот на рамниште на индивидуалната егзистенција”. Дијагнозата на Морети не е ограничена на анализа на деветнаесетовековен роман. Постјугословенските општества, полупериферијата на глобалниот капитализам, денес ја споделуваат истaта неприлика: дискурсот за граѓанството е обележан со ирационалната желба за рационалност на буржујскиот свет. Во оваа желба се спојуваат три елементи на нивниот политички простор: проблематичнaта конституција на политичкото граѓанство, појавувањето на новата буржоаска класа и развојната романтизација на буржоаската култура. ,,Буржуј” и ,,граѓанин“- можат ли овие два термини да се користат наизменично. Првично, тие беа етимолошки синоними (бургер, на пример, е граѓанин на слободен град). Дистинкцијата помеѓу двата поима, која беше нагласена од Русо, а потоа од Хегел, никогаш не ја избриша целосно оваа иницијална конјукција. Дали доминацијата на капиталистичкиот начин на производство, кој ја организира економската и културна размена меѓу центарот и периферијата го привилегира поимот буржуј, правејќи го така застарен граѓанинот, како категорија наследена од античкото политичко мислење. Или, напротив, поимот граѓанин е придружен со радикален еманципаторски потенцијал кој може да биде реактивиран? Наспроти ваквата концептуална позадина, разговорот на тркалезна маса ќе се осврне на сличностите и разликтите на наративите ,,граѓанин” и ,,буржуj”, нивната културна мистификација и трајниот проблем на радикалната демократија во траекториите на постјугословенските општества.
“Поетики на радикалното издаваштво” е заеднички проект на Мултимедијални институт, kuda.org и Контрапункт.
Крик 01 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
Споделено на: јануари 25, 2021 во 3:24 pm