18.06.2019
19:30 Ich war zuhause, aber (Јас бев дома, но) [2019]
Режија: Ангела Шанилек
Времертаење: 105 мин
13-годишно момче исчезнува една недела, без трага. Филмот започнува со неговото повторно појавување во училишниот двор, валкано и променето. Во потрага по – екстремна блискост со природата или смрт, поттикнато од неодамнешната загуба на својот татко – неговата мајка и неговата учителка можат само да погодуваат. Однесувањето на момчето го поништува она што сите до сега го земаат здраво за готово.
21.06.2019
19:30 Segunda Vez (Втор пат) [2018]
Режија: Дора Гарсија
Времетраење: 94 мин.
Режисерката Дора Гарсија мешајќи ги политиката, психоанализата и перформансот својот многукратно наградуван филм Segunda Vez (Втор пат) го гради околу фигурата на Оскар Масота – круцијален теоретичар за аргентинската авангарда од 1950-тите до 1970-тите, иако не станува збор за биографски филм. Идеите на Масота за лакановската психоанализа, политиката и уметноста (хепенинзите и дематеријализираната уметност) го смениле уметничкиот пејсаж на Буенос Аирес во 1960-тите, кој ѝ претходел на диктатурата, со што се означува и крајот на авангардата. Насловот, Segunda Vez, потекнува од истоимената приказна напишана од современик на Масота, Хулио Кортасар, кој го раскажува амбиентот на психоза и несигурност предизвикан од траумата на исчезнувањата во Аргентина.
Уредник:
Петар Милат
Фотогалерии:
КРИК 4 – КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ 18.06.2019 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
КРИК 4-КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ 21.06.2019 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
Споделено на: јануари 25, 2021 во 4:01 pm