ПРОГРАМА
22.11.2019 (петок)
19:30 – 20:30, Чифте амам, Национална галерија
Ариане Шпаниер „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“
Списанието Fukt во изминатите 20 години го истражува современиот цртеж. Низ годините има изградено богата архива на рачно цртани уметнички дела. Во последните изданија критички истражува теми како што се родот, текстот и зборовите во цртежот и системите. Предавањето ќе се фокусира на приказната за издавањето, паралелно на лична перспектива, како и на пошироката слика на создавањто траги, дизајнот и креативниот процес, пред се. Изминатите декади сведочат пораст на самостојни издавачи, особено помеѓу уметничката заедница, преку уметнички саеми на книги насекаде низ планетата и многу нови можности за продукција и дистрибуција. Кои се придобивките, а кои препреките во креирањето независна платформа и да се биде независен издавач во денешното општество?
Преку визуелна имагинација и интервјуа списанието подеднакво ги застапува веќе етаблираните, како и новите уметници. Како што се менува неговиот дизај и изглед од број до број, од тема до темата, последното издание на Fukt, насловено The System Issue, комуницира со нас преку адптирана и модифицирана насловна страна и дизајн на мрежно прекршувањ. Препознавајќи ја внатрешната човечка потреба за создавање системи, 18то изданије на Fukt истражува како уметниците ги интерпретираат и инкорпорираат системите во нивната работа. Без раслика дали е критика на политички ситем, или метедолошка група на правила која уметникот ја следи за да создаде дело, преку следење на специфични распореди и развивајќи структури за неговиот креативен процес, или преку измислувајќи нови утописки системи – списанието прикажува голем број на различни перспективи поврзани со системите на цртање, уметничко создавање и начин на размислување.
29.11.2019 (петок)
19.30 – 20.30, Чифте амам, Национална галерија
Борис Буден „Нацијата без својства“
Генерално, се подразбира дека јазикот е она што нацијата ја воспоставува како нација – најмногу од кое било друго својство. Некогаш беше препознаен и како медиум кој ја одредува уникатноста на духот на нацијата. Денес пред сѐ ја претставува суштината на културниот идентитет, вид на супер својство кое ги прави можни останатите својства како националната историја, националната култура или, пак, заедничкото чувство на припаѓање. Но што доколку националните јазици денес, во ерата на глобализацијата и дигитализацијата, ги поттикнуваат и искусуваат забрзаните процеси на маргинализација и деградација? Што доколку повеќето од нив се во опасност од целосно дигитално истребување? Предавањето ќе се фокусира на процесите на таканаречената ре-вернакуларизација на националните јазици во денешна Европа и далекусежните општествени и политички последици од ваквата растечка тенденција?
30.11.2019, (сабота)
19.30 – 20.30, Чифте амам, Национална галерија
Стефан Новотни, „Едноставно, да се биде човек кој не прави ништо: За прашањето на психомоќта“
„Ако би требало да се мерат сите тие скокови на вниманието, контракциите на очниот мускул, флуктуации на психата, ако целиот труд што му е потребен на човекот да успее да се држи исправено во текот на сообраќајната гужва на прометна улица може да биде измерен, помисли тој – додека си играше пресметување на непресметливото- вкупната сума сигурно ќе ја намали енергијата која му е потребна на Атлас за да го држи светот, и тогаш некој би можел да претпостави колку многу труд треба во денешно време за да се биде човек кој не прави ништо“
(Роберт Музил, 1930)
Горенаведениот текст на Музил, кој го одразува искуството во дамнешниот „Империјален главен и кралски град Виена“, го допира прашањето кое денес не може повеќе да биде ограничено на предодредените центри на моќ: прашањето кое се однесува на микрологичните операции на моќта на субјективноста или „психе“ или пак, на прашањето како „физичкото“ денес е претворено во главно место на општествена и политичка борба. Оваа промена повикува на разгледување на бројни меѓусекторски проблеми, како што се: 1) постојано растечката претпоставка на субјективните капацитети, активни и пасивни, под капиталистичката валоризација, 2) проширувањето на привилегираните сцени на појавување на физичкото, 3) улогата на современите комуникациски технологии во градењето на поврзаност која не е нужно социјална, 4) современи реконфигурации на „нормалното“ и на „патолошкото“. Новотни во своето предавање ќе посочи на некои од овие проблематики – без да се изгуби од вид најважното прашање кое Музил го поставува: Која енергија е потребна денес за да „опстои светот“?
18. 12. 2019 (среда)
19.00 – 20.30. Даут пашин амама, Национална галерија
Бранислав Димитријевиќ, „Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за ‘не-сега’“
Предавање и разговор модериран од Натали Рајчиновска Павлеска
Практиките на современата уметност поминуваат низ ентрописки крај – сѐ повеќе тие се исклучувани поради бескрајното одбегнување на значењата, поради ”неодреденоста”, анти-концептуалноста, фетишизирањето на искуството и оцрнувањето на мислењето, но, пред сѐ заради нивното циничнo идеолошко соучесништво во неолибералниот поредок. Како и секое друго историско уметничко движење, „современата уметност“ се наоѓа во нејзината крајна фаза: маниристичка, пазарно ориентирана, елитистичка и отуѓена. А, сепак, прогласениот „излез“ од нејзината моментална состојба не се состои во препознавање на нова уметничка практика – во ситуација во која уметничката практика одеднаш ќе се промени во поткопување на системот, како што се случи во касните 60-ти, кога модернистичката уметничка парадигма беше отстранета – туку во шпекулации за различното, не-современа онтологија на уметноста вон истовременото искуство на „сега“, ниту, пак, исто така, преку легитимноста сервирана или од страна на духовите од минатото или од роботите од иднината.
Биографии:
Aриане Шпаниер е родена во Вајмар, Германија. Студирала визуелна комуникација на Академијата за Уметност во Берлин. По престој во Њујорк во 2005 година таа отвара дизајнерско студио во Берлин. Голем број од нејзините клиенти доаѓаат од културното миље, тие се галеристи, уметници, режисери, музичари, издавачи и архитекти. Нејзиното студио е фокусирано на дизајн на книги, каталози, постери, како и идентитети, анимации, илустрации и дигитален дизајн. Од 2006 година Ариане е креативен директор на Fukt, годишно списание за современ цртеж. Шпаниер е интернационално многукратно наградувана, нејзината работа била публикувана во многу списанија и дизајнерски книги. Од 2013 година е член на Alliance Graphique Internationale, а од 2018 година е дел од постојаното жири на годишниот натпревар Kieler Woche. Моментално живее и работи во Берлин.
Борис Буден е писател, критичар на културата и преведувач. Студира филозофија во Загреб и докторира во сферата на Културната теорија на Хумболтовиот универзитет во Берлин. Во 1990 е основач и уредник на магазинот и издавачката куќа Аркзин во Загреб. Неговите есеи и написи се поврзани со теми од филозофијата, политиката, културната и уметничката критика. Буден учествува во рамките на разни конференции и уметнички проекти во западна и источна Европа, Азија и Америка, вклучувајќи ја и Документа XI. Помеѓу неговите најзначајни преводи на хрватски се и најзначајните дела на Сигмунд Фројд. Автор е на неколку книги на хрватски и на Der Schacht von Babel: Ist Kultur übersetzbar? (2004), Übersetzung: Das Versprechen eines Begriffs (2008, with Stefan Nowotny), Zone des Übergangs: Vom Ende des Postkommunismus (2009), Findet Europa, (2015), Transition to Nowhere (2019). Борис Буден е постојан соработник на Европскиот институт за прогресивни културни политики, во Виена. Предва теорија на културата на Факултетот за уметност и дизајн, во рамки на Баухаус универзитетот во Вајмар и на Универзитетот за применети уметности во Виена.Борис Буден живее и работи во Виена.
Бранислав Димитријевиќ е професор по историја на уметност и визуелна култура на Школата за уметност и дизајн во Белград и предава Историја на уметност на Академија Нова во Белград. Димитријевиќ студирал Историја на уметност на Универзиетот во Белград и магистрирал историја и теорија на уметност на универзитетот во Кент, Велика Британија, под менторство на професор Стеивен Бан. Негови главни теоретски и кураторски интереси се: визуелна теорија и култута, уметноста во јавниот простор и релациите во општата култура, политика и идеологија. За неговите есеи е добитник на наградата Лазар Трифуновиќ за уметничка критика и Душан Стојановиќ за филмска теорија. Димитриевиќ уредувал повеќе изданија, публикации и каталози за изложби.
Натали Рајчиновска Павлеска е независен истражувач во областа на современите уметнички практики, ликовната критика и теорија. Дипломирала на Архитектонски факултет, во Скопје (2006), со одбрана на дипломски труд: анализа на контекст и проект “Центар за сценски и визуелни уметности”, плато на МНТ, во Скопје. Магистрирала на Филозофски факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметност и археологија, модул Современа уметност, со одбрана на дисертација: “Концептуалната уметност во делото на Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Art & Language од почетокот до крајот на 20-тиот век.” Од 2018 -та е докторанд на Трансдисциплинарни студии на современа уметност и медиуми во оквир на Интердисциплинарни студии, при Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум во Белград, Србија. Нејзиното истражување вклучува трансдисциплинарен аналитички пристап, често во релација со актуелните теориски струења и книжевни референтни системи, преку вкрстување на современите уметнички практики и различните општествени и институционални контексти. Автор е на повеќе ликовни рецензии, воведни предговори во уметнички книги и каталози на групни и самостојни изложби, како и дел од кураторскиот тим кој го подготви и реализираше концептот за претставувањето на Република Македонија на 15-тото Венецијанско Биенале за Архитектура во 2016 година, со проектот “Ничија Земја”.
Стефан Новотни е филозоф, кој живее и работи во Лондон. Тој предава на катедрата за Визуелни култури и е член на Центарот за филозофија и критичка мисла на Универзитетот Голдсмитс, во Лондон. Пред да му се придружи на Универзитетот Голдсмитс во 2011 година, тој бил соработник на Центарот за филозофија на правото на Универзитетот во Лувен / Лувен-ла-Нуев (2001–2003) и предавал на универзитетите во Германија (Линбург) и Австрија (Клагенфурт). Тој бил дел од транснационалните проекти на eipcp Трансформација: Нови форми на институционална критика (2005–2008), Превод: Надвор од културата – Политиката на преводот (2005–2008) и Европа како простор за превод. Политика на хетеролингвилност (2010–2012), како и разни други проеки и соработки со визуелни како и уметници кои се занимаваат со перформанс.
Тој има на широко објавувано во областа на филозофијата и политиката, бил коуредник на повеќе антологии, превел бројни текстови од француски и англиски на германски јазик, бил и ко-автор двата тома Instituierende Praxen. Bruchlinien der Institutionskritik (w / G. Raunig, 2008) и Übersetzung: Das Versprechen eines Begriffs (w / B. Buden, 2008).
Фотогалерии:
КРИК 04 18.12. 2019 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
КРИК 04 18.12. 2019 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
КРИК 04 30.11.2019 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
КРИК 04-15.12.2019-Светот околу нас-критиката во криза – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
Споделено на: јануари 25, 2021 во 4:04 pm