::: КРИК 08, 2023: Заробени во слободата:::

Како и во послените неколку години, КРИК и годинава ќе се одвива во неколку кластери низ...


Како и во послените неколку години, КРИК и годинава ќе се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано.
Царството на слободата, како што често се нарекува од страна на многумина филозофи и антрополози, нашето општествено достапно слободно време, зависи од нашите институционални форми на живот и од тоа како ги одржуваме или менуваме тие институции. Нашите општествени институции не се нужно експлицитни, туку се секогаш имплицитни во она што го правиме и во сите форми на практичните идентитети. Сите активности што ги сметаме за суштински делови на еден практичен идентитет – како суштински делови на струката со која се идентификуваме – припаѓаат на царството на слободата, а времето што им го посветуваме се смета за слободно време. Дури и активностите што може да изгледаат поскоро како средства отколку како цели – на пример, стекнување макотрпно образование – спаѓаат во царството на слободата, сѐ додека образованието е суштински дел од она што значи да се биде посветен на струката.
Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.

—-
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Односи со јавност на фестивалот: Александра Бубевска.
—-
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад, и Културтрегер од Загреб.
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.
Контрапункт и фестивалот КРИК се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институтот, Европската Унија преку проектите на Креативна Европа, Re-Imagine Europe и Peripheral Visions. Настанот се реализира во соработка со КСП Центар Јадро.
————————


Споделено на: март 2, 2023 во 9:27 pm