Концерт на Millions of dead tourists во Ла Кања

КРИК - фестивал за критичка култура 12 мај 2023 КРИК Фестивал за критичка култура 2023 започнува...

КРИК – фестивал за критичка култура

12 мај 2023

КРИК Фестивал за критичка култура 2023 започнува со музички концерт на Millions of Dead Tourists од Грција кои премиерно ќе го отсвират албумот Healthy.

Millions of dead tourists е основана во Истанбул, во 2016 година. Тие се базирани во Атина и Солун. Користат и злоупотребуваат две бас гитари, машина за тапани, разни синтисајзери и електронски уреди, четворица луѓе, а во последно време и микрофон.

На концертот во Ла Кана ќе го претстават својот нов албум „Healthy“ кој неодамна беше издаден на винил и ЦД од 1000+1 TiLt.

Здравствениот удар од 2020 година наметна низа услови без преседан: мутација на човековите права во привилегии; проширување на дигиталниот надзор на секој аспект од животот; трансформацијата на телото од крајна сопственост на поединецот во проблематична биолошка конструкција која мора широко да се отвори за државните и биотехнолошките интервенции. Првичната загриженост дека новата парадигма што се стремеше да се наметне е инспирирана од дистописки научно-фантастични сценарија набрзо се трансформирала во ужас од сознанието дека вистинскиот прирачник за настава на нашето време е 1984-ма.

Овој албум беше снимен токму во овој мрачен тригодишен период на затворање, казни и воспоставување на постојана вонредна состојба.

Јанис: бас, ефекти
Иасон: синт, семпли, тапан машина
Сотирис: бас, ефекти
Николас: вокал, ефекти

https://millionsofdeadtourists.org
https://millionsofdeadtourists.bandcamp.com

КРИК – фестивал за критичка култура со овој концерт има за цел да придонесе кон развојот на локалната алтернативна музичка сцена преку претставување на еден од најсовремените и најкритички гласови во музичка сцена во Грција.

Концертот ќе се одржи на отворено на просторот пред барот Ла Кана во Старата Скопска Чаршија и влезот е бесплатен.


Споделено на: мај 2, 2023 во 10:03 pm