КРИК – фестивал за критичка култура
КСП Центар -Јадро
Во рамките на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, годинава тематски насловен како „Заробени во слободата“ чест ни е да бидеме домаќини на Мaргрет Гребович, која ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“. Настанот ќе се одржи во сабота на 20 мај со почеток во 20:00 во просториите на КСП Центар Јадро.
::: Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа :::
Во с’ржта на односот куче-човек е храната. Но, денес, воопшто не е јасно што следи од овој добро увежбан факт на споделување на храна помеѓу луѓето и кучињата. За да се обидеме да ја разбереме енормно сложената работа што се одвива во позадина на невиното име „храна за кучиња“, мора да се разделат мноштво реторички и семиотички различни видови на учесници и инфраструктура. Како што пишува Лорен Берлан, за луѓето, „Имиџот на дебелината како феномен импровизиран од биополитичките експерти треба да се одвои од јадењето како феноменолошки чин и од храната како простор на експресивност, како и прехрана“. Како што сѐ повеќе и повеќе кучиња се класификуваат како дебели, во доменот на биополитичката експертиза, животот на кучињата ќе бара сè поблизок поглед на сложеноста на храната и многуте критични рамки и методи на истражување што таа ги бара.
Биографија:
Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. Гребович е особено заинтересирана за дивината, јавните земјишта, дивите животни и чувањето миленичиња. Во изминатите две години таа спроведува теренско истражување на јужната граница на САД, пишувајќи за миграцијата и зачувувањето. Таа го основала и сѐ уште, уредува серијалот Practices за Duke University Press, што содржи текстови за јавноста, од широк спектар на научници и практичари. Гребович е автор на следните книги: Rescue Me: On Dogs and their Humans (2021), Mountains and Desire: Climbing vs. Beyond the Cyborg: Adventures with Donna Haraway (2015, коавтор со Хелен Мерик) и Why Internet Porn Matters (2013). Маргрет Гребович, исто така, е уредничка на Lyotard и Critical Practice (2021) и Still Seeking an Attitude: Critical Reflections on the Work of June Jordan (2004) и на Gender After Lyotard (2007) и SciFi in the Mind’s Eye: Reading Science Through Science Fiction (2007).
Нејзините тековни авторски проекти ја вклучуваат книгата Foraging, во чиј фокус е потрагата по печурки и уште една книга за националните паркови на границата, насловена The Border Sublime. Гребович е родена во Полска и моментално е ангажирана во Универзитетот во Силесија во Полска. Пред тоа предавала во Сибир. Претходно, таа предавала на и на два американски колеџи – колеџот Гучер и Универзитетот во Хјустон -Даунтаун. Во тоа време, во Тексас и во Њујорк таа работела и како џез пејачка околу една деценија. Маргрет Гребович била и визитинг стипендист на Леверхулм Траст на Универзитетот во Данди, инаугуративен резидент по Ситуирана филозофија на Државниот универзитет во Аризона и филозофија на Фондацијата Марк Сандерс во Медиумски соработник.
*****
::: КРИК 08, 2023: Заробени во слободата:::
Како и во послените неколку години, КРИК и годинава ќе се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано.
Царството на слободата, како што често се нарекува од страна на многумина филозофи и антрополози, нашето општествено достапно слободно време, зависи од нашите институционални форми на живот и од тоа како ги одржуваме или менуваме тие институции. Нашите општествени институции не се нужно експлицитни, туку се секогаш имплицитни во она што го правиме и во сите форми на практичните идентитети. Сите активности што ги сметаме за суштински делови на еден практичен идентитет – како суштински делови на струката со која се идентификуваме – припаѓаат на царството на слободата, а времето што им го посветуваме се смета за слободно време. Дури и активностите што може да изгледаат поскоро како средства отколку како цели – на пример, стекнување макотрпно образование – спаѓаат во царството на слободата, сѐ додека образованието е суштински дел од она што значи да се биде посветен на струката.
Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.
—-
Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Односи со јавност на фестивалот: Александра Бубевска.
—-
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад, и Културтрегер од Загреб.
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.
I
Споделено на: мај 10, 2023 во 10:29 pm