Преводот на македонски јазик на книгата „Трчање во место“ во авторство на Рената Салецл е дел од нашата нова едиција „Пунктум“.
По потекло од Словенија, Рената Салецл припаѓа на ретките мислителки од регонот, кои критички ги обмислуваат филозофијата, социологијата, правото, како и политиките на телото и масите. Во време на лажни вести и таканаречена поствистина сè потешко е да се размислува за тоа во која насока оди нашето општество и како луѓето се соочуваат со општествените безизлези. Денес, индивидуата е постојано под притисок да трча подобро и побрзо од другите, и на работното место и во приватниот живот. Во книгата со голема чувствителност се опишани овие нови појави и промени, преку проникливи анализи, авторката помага да се разбере како работи светот. Таа преку своите секојдневни приказни, илустрира како идеологијата на неолиберализмот влијае на нашите животи: ја зголемува вознемиреноста, предизвикува нови психолошки симптоми и парадокси, го менува нашиот поглед на работата, етиката, љубовта, родителството, генетиката и иднината.
Преводот на книгата е направен во соработка со Издавачка куќа Темплум и Koma – design studio.
Оваа едиција, како и книгата „Трчање во место“, се дел од платформата КРИК.
Насловната страна е дел од уметничкото дело на Elena Chemerska “She Flies- Nike’s Wings” 2016.
Споделено на: февруари 17, 2021 во 9:59 am