Партнери на проектот: Multimedijalni institut (CR), kuda.org (SR), Berliner Gazette (D), Kontrapunkt (MK) and Mute (UK).
Веб-страница на проектот: http://www.aestheticeducation.net/
Временска рамка на проектот: 2012 – 2014 година
Напредокот на новите дигитални технологии значително го преобликува целото општество и култура. Било да е тоа од ентузијастички аспект што ќе ја нагласи прогресивноста на новите медиуми или од колеблив аспект што ќе ги смета за културна регресија – дигиталната технологија и мрежите се возбудливи и збунувачки, но сепак бараат да имаш соодветно разбирање.
Она кое треба да не засега е како да се замислат нови културни, политички и уметнички форми и кодекси на социјализација, кои ќе бидат прилагодени на овие фундаментални промени. Брзата еволуција на информатичките технологии донесе невиден степен на слободно изразување, но по висока цена со забрзување на тенденциите на фрагментација во општествата. Во време на прелевање на информациите, една, атомизирана единица на информации е направена бесмислена од огромното изобилство на информации достапни со едно кликнување. И, како што многу културни критичари ќе речат: депресијата, паниката и прекумерната возбуда се само различни имиња за истата работа, т.е. техно-култура која е надвор од контрола.
Оттука, потребата за делување и размислување кои ќе ги обедини културата, општеството и технологијата. Ерата на просветителството го кова концептот на естетско образование како модел за справување со феномените на (политичката) револуција, (технолошката) еволуција – печатење и издаваштво – и културните промени (новонастаната книжевна јавност). И колку што проектот на Просветителство можеше да стане проблематичен, концептот на естетско образование изгуби малку од својата фасцинација. Идејата зад овој проект беше да се присвои овој концепт на естетско образование, истражувајќи дали е во можност да понуди надградена и проширена верзија што ќе успее да создаде нов заеднички простор каде што ќе се сретнат луѓето, уредите и идеите.
Еманципација на отпорот https://emancipationofresistance.wordpress.com/
Мала школа за антифашизам https://mediumiiotpor.wordpress.com/
Споделено на: јануари 26, 2021 во 12:53 pm