Дебата за Европа

7.-9. Јуни 2018, Скопје Четврток, 07.06.2018 Даут Пашин Амам ________________________________________ 18:00-18:15 отварање 18:15-19:15 „Помеѓу: Уметност и...

7.-9. Јуни 2018, Скопје

Четврток, 07.06.2018

Даут Пашин Амам

________________________________________

18:00-18:15 отварање

18:15-19:15 „Помеѓу: Уметност и култура во променливи времиња“

Сретен Угричич, Артан Садику, Роберт Алаѓозовски – Модератор: Карл Хенрих Фредриксон

19:30-19:45 Разговор помеѓу Ненад Шебек и Влатко Стефановски

19:45-20:30 „Музичка интервенција“– краток концерт на Влатко Стефановски

Петок, 08.06.2018

________________________________________

Прв дел: Даут Пашин Амам

11:00-12:30 „Мултикултурализмот како шанса“

Рамадан Рамадани, Иван Додовски, Кирил Стигер – Модератор: Ненад Шебек

Втор дел: Музеј на современа уметност

18:00–19:30 „Шарената револувија – само бренд или вистинска промена во социо-културниот наратив?“

Небојша Вилиќ, Мариглен Демири, Биљана Гинова – Модератор: Волкер Ваиксел

20:00-21:30 „Книжевна вечер“– краток разговор помеѓу Ернст Остеркамп и Луан Старова – Румена Бужаровска, Ариан Лека and Оливера Ќорвезировска , Марко Погачар и Никола Маџиров

Сабота, 09.06.2018

Даут Пашин Амам

________________________________________

10:00-11:30 „За регионалниот контекст “

Десислава Гаврилова, Агрон Туфа, Елизабета Шелева – Модератор: Ведран Џихиќ

12:00-13:30 „Кон ЕУ: перспективи или интеграција“

Јоанис Армаколас, Сенада Село Шабич, Сашо Орданоски, Беса Арифи – Модератор: Мари-Жанин Калик

Иницијатори:

Во соработка со:

Б и о г р а ф и и

Небојша Вилиќ е роден во Велес во 1962 година. Тој е историчар на уметност и редовен професор на Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот главен фокус а уметничката критика и теориска интерпретација на дигиталните уметности. Курирал преку 30 изложби во Македонија и во странство. Помеѓу 1986 и 1987 година бил асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил и директор на Сорос центарот за современи уметности во Скопје. Од 1999 година е претседател на здружението на граѓани од Скопје, 359° – мрежа за локални и субалтерни херменевтики.

Мариглен Демири е роден во 1985 година, во Битола. Дипломирал филозофија и е на крајот од своите магистерски студии по современа филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов работи како асистент истражувач при Институтот за општествени науки и хуманистика во Скопје. Основач е на многубројни иницијативи и политички организации како „Ленка“, „Солидарност“, „Студентски пленум“ и „Протестирам“. Демири е и еден од основачите на политичката партија „Левица“.

Роберт Алаѓозовски е роден во 1973 година. Тој најголемиот дел од својот професио- нален живот го помина како независен писател, истражувач, културен менаџер и уметнички и културен критичар. Има магистрирано во сферата на компаративната книжевност на универзите- тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторант е на факултетот за Економија. Помеѓу 2001 и 2008

година работи како програмски координатор и уредник во Кон- трапункт и во Културниот центар Точка. Во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 тој е Министер за култура на Република Македонија. Автор е на две книги и стотици студии, есеи, колумни и написи од областа на филологијата, филмот и културните политики. Алаѓозовски бил дел од многу проекти за децентрализацијата во културата, интеркултурализмот, регионалната и меѓународната соработка. Има преведено неколку важни книги на Македонски.

Беса Арифи, родена e во Тетово во 1981 година, студирала и докторирала кривично право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Таа моментално е вонреден професор по кривично право и криминологија, како и координатор за меѓународни односи и мобилност на Југоисточниот Европски универзитет во Тетово, Македонија. Арифи има издадено многубројни истражувачки трудови и студии на тема казнено право и повеќепати заземала учество на конгреси и конференции дома и во странство, меѓу кои и на школата за право на Северозападниот универзитет во Чикаго. Нејзините истражувања се фокусирани на интернационално казнено право, виктимологија, антикорупција и злосторство од омраза. Моментално живее и работи во Тетово.

Биљана Гинова е феминистка и квир активистка вклучена во повеќе национални, регионални и Европски ЛГБТИ и лезбејски движења. Биљана е ко-претседавачка на Асоцијацијата ЛГБТИ – Еднакви права за Западен Балкан и Турција и ко-секретар

на Европската Лезбејска конференција. Во моментот работи во ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје, на позицијата програмска координаторка за застапување.  Биљана е активна во граѓанскиот сектор од 2002 година работејќи со и за различни маргинализирани групи. Од 2011, кога млад дечко беше убиен од полицаец, Биљана исто така се вклучи во политички активизам. Најпрво, беше вклучена во движењето против полициска бруталност, а потоа и во движењето „Протестирам“.

Јоанис Армаколас докторирал на Универзитетот во Кембриџ, магистрирал на Универзитетот во Кент и дипломирал на

Универзитетот Пантеион. Моментално работи како вонреден професор по компаративна политика на Југоисточна Европа на Универзитетот Македонија во Солун. Тој е исто така и партнер за истражување на Ставрос Костопуолос, кој е раководител на програмата за Југоисточна Европа на Хеленската фондација за европска и надворешна политика (ELIAMEP), и главен уредник на академското списание Southeast European and Black Sea Studies. Армаколас 3 години живеел во Босна, помеѓу 2001 и 2004 година и често го посетувал западниот Балкан за истражувања, политички работи како и консултации уште од 1997 година.

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (Или- или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), книгичката мали фикции Спиј (Темплум, 2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (Блесок, 2012). Се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски јазик (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live организирана од Literature Across Frontiers. Добитник е на регионалната награда за кратка проза „Едо Будиша“ што ја доделува истарската жупанија во Хрватска. Таа е организаторка и иницијаторка на ПичПрич – вечери на раскажување женски приказни, како и авторка на истоимената радио емисија. Уредник е на Блесок – проза и е професорка по американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

Мари-Жанин Калик е професор по Источна и Југоисточна европска историја на Универзитетот во Минхен. Покрај нејзината професорска позиција, таа била и политички советник на специјалниот координатор на пактот за стабилност на југоисточна Европа во Брисел (од 1999 до средината на 2002 година), а била и специјален претставник на Обединетите Нации за поранешна Југославија. Таа активно објавува и држи предавања на тема Баклан. Нејзините последни објавени книги се „Südosteuropa. Weltgeschichte einer Region“, Минхен: C.H. Beck 2016 (во 2019 се очекува англиски превод во соработка со Harvard University Press, „The Great Cauldron: A History of Southeastern Europe“) и „Geschichte Jugoslawiens“, Минхен: C.H. Beck 2014 (англискиот превод ќе излезе во 2019 година во соработка со Purdue University Press, „A History of Yugoslavia“).

Иван Додовски е вонреден професор по критичка теорија. Моментално е декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Студирал општа и компаративна книжевност со американски студии и магистрира Македонска литература и наратологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Докторирал на Универзитетот во Нотингем. Додовски е уредник на изданието „Мултикултурализмот во Македонија: модел во настанување“ (2005) и седум неодамнешни изданија кои се опфаќаат Европски интеграции, политика, економија и култура. Воедно има издадено академски трудови, три збирки поезија и колекција на кратки приказни.

Ведран Џинчиќ, роден во Босна во 1976, докторирал Политички науки при Универзитетот во Виена. Во минатото работел како асистент професор при Универзитетот во Виена и како австриски Marshall Plan Fellow на SAIS, на Универзитетот Џон Хопкингс. Моментално е виш истражувач на oipp – Австрискиот институт за Интернационални односи, ко-директор на Центарот за Напредни студии за Југоисточна Европа при Универзитетот Ријека и виш предавач на Институтот за политички науки, при Универзитетот во Виена. Џинхиќ е автор на неколку книги и публикации. Неговото истражување во моментов се фокусира на: демократијата во Европа, илиберализмот и авторитарноста, ЕУ проширувањето и надворешна политика, и Југоисточна Европа.

Карл Хенрик Фредриксон е роден во Јонкопинг, во 1965 година, тој е шведски уредник, литературен критичар, колумнист, есеист и преведувач, кој живее во Виена. Тој го ко-основал Eurozine, чиј главен уредник и претседател бил сè до 2015 година. Постојан соработнк е и на Институтот за медиуми и комуникациска политика во Берлин. Фредриксон бил главен уредник и на едно од најстарите списанија за култура во Шведска, Ord&Bild. Соработник е и на многу други Шведски и интернационални весници и списанија, каде што пишува за литература, уметност, филозофија, медиуми и политика. Меѓу другото ги превел и авторите Јирген Хабермас, Улрих Бек, Џудит Скалански и Елфриде Јелинек на Шведски.

Десислава Гаврилова, родена во Бугарија во 1968, магистрирала на Театарски студии на Националната академија за Театар и филмски уметности во Софија. Во 2005, Десислава Гаврилова станува директор на Центарот за уметност и култура на Централниот Европски Универзитет во Будимпешта. Предходно ја оформува и води Мрежата за изведувачки уметности – Будимпешта, стимулирајќи независни, уметнички дела во Централна, Источна Европа и поранешните Советски републики. Таа е иницијаторот и координаторот на Time to Talk и ко-основачот и претседателот на The Red House Centre за Култура и дебата во Софија. Воедно таа има и спроведено истражувања во британската културна политика при Универзитетот Оксфорд.

Ариан Лека, роден е во Драч во 1966 година. Поседува докторат по албанологија и е автор на 16 литературни книги, бројни научни статии и монографија. Четири пати е наградуван со националната награда за најдобра книга на годината. Ариан Лека

е ко-основачот на Writers in Residence in Tirana, поддржана од Традуки, и е уредник на културното списание Poeteka. Неколку од неговите книги и текстови се преведени на странски јазици и може да бидат најдени во Lettre International, Lichtungen, Asia Literary Review, и Europski glasnik. Лека живее во Тирана, каде што работи во Албанската академија за албанолошки студии.

Никола Маџиров (поет, есеист, преведувач) е роден 1973 година во Струмица. Aмерикански џез композитор Оливер Лејк и италијанскиот композитор на класична музика Анџело Инглезе компонираa музика врз основа на стиховите на Маџиров. За книгата Преместен камен ја добива поетската награда „Хуберт Бурда“ за автори родени во Источна Европа, како и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Меѓу останатите награди се и „Студентски збор” за дебитантска книга на Македонија, како и „Xu Zhimo Silver Leaf” наградата за европска поезија на Кингс Колеџ во Кембриџ. Неговата поезија е преведена на повеќе од триесет јазици. Добитник е на неколку меѓународни стипендии, меѓу кои: KulturKontakt во Виена, International Writing Program (IWP) на Универзитетот на Ајова во САД; DAAD во Берлин, како и „writer-in-residence” стипендиите на Традуки во Сплит, Тирана и Белград. Живее во Струмица.

Сашо Орданоски е професионален новинар чија кариера се протега повеќе од 30 години и опфаќа значајни искуства во областа на новинарството, односите со јавноста и јавните комуникации во национален и во меѓународен контекст. Творечки редовно придонесува за бројни домашни и странски печатени и електронски медиуми, а автор е на три книги и дузина стручни студии од областа на неговиот професионален и истражувачки интерес. Бил главен уредник и директор на националниот јавен радиодифузер Македонска телевизија, директор на националната комерцијална телевизија Алсат-М, како и основач и главен уредник на магазинот Форум и на Форумовиот Центар за стратегиски истражувања и документација во Скопје. Има проминентна улога и во граѓанскиот сектор на Југоисточна Европа. Предава предмети во високото образование од областа на социологијата, новинарството, медиумите и теоријата и практиката на комуникациите.

Ернст Остеркамп, роден во Текленбург, Германија во 1950 година. Тој е книжевник, литературен критичар и претседател на германската Академија за јазик и книжевност. Помеѓу 1992 и 2016 година бил професор по нова германска книжевност на Универзитетот Хумболд во Берлин. Неговите истражувања се насочени кон германската книжевност од раниот просветителски период, како и од класичната и модерната ера. Исто така ги проучува и внатрешните поврзаности помеѓу уметностите. Неговото дело како книжевник вклучува многубројни книги посветени на Гете, Стефан Георге и Рудолф Борхарт. Негова последна публикација е Caroline von Humboldt und die Kunst (2017). Моментално живее во Берлин.

Марко Погачар е роден во Сплит, Југославија, во 1984. Досега има објавено единаесет книги, вклучувајќи поезија, есеи и проза, и има освоено неколку хрватски и интернационални награди. Во 2014 ја издава антологијата Young Croatian Lyric. Тој е уредник на нижевното списание Quorum и на Proletter. me, веб списание за култрурни и социјални прашања. Меѓу другото, бил соработник и на Civitella Ranieri, Literarisches Colloquium Berlin, Récollets-Paris, Internationales Haus der Autoren Graz и Poeteka Tirana. Неговите книги и текстови се преведени на повеќе од триесет јазици.

Ласло Рајк е роден во Будимпешта во 1949 година. Тој е архитект, дизајнер и поранешен  унгарски дисидент. Има

докторирано архитектура на Универзитетот за технологија и економија во Будимпешта. Од 1992 година работи како професор по продукциски дизајн на Унгарската филмска академија во Будимпешта. Држи предавања и постиполомски часови насекаде низ светот, вклучувајќи го и Универзитетскиот центар за човечки вредности на Универзитетот Принстомн и Филмската работилница на Универзитетот во Сараево. Работел како продуцент за неколку реномирани интернационални филмови вклучувајќи ја и најновата понуда на Бела Тар, како и на филмот Son of Saul, кој освои Оскар во 2016 година.

​Артан Садику е истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните практики во политиката и уметноста. Работел во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, каде што ја водел Школата за критика и политика и е основач на Левичарското движење Солидарност и Културниот клуб Синдикат. Студирал и истражувал во универзитетите во Минхен, Балтимор, Осло и Амстердам. Тој беше еден од клучните актери во протестните движења АМАН!, #протестирам и Професорскиот пленум, а во моментот е дел од организацискиот борд на КРИК фестивалот за критичка култура. Редовен соработник е на регионални и меѓународни списанија како Le Monde Diplomatique, Journal Identities и Bilten. Неговите последни текстови се однесуваат на просторот за уметноста во општеството и естетската форма на работниците.

Елизабета Шелева е родена во Охрид, 1961 година. Докторирала на Универзитетот во Скопје каде што е и професор по теорија

и методологија на литература на Катедрата за компаративна книжевност. Таа е актуелен претседател на Независните писатели на Македонија како и уредник на списанието за литература Наше писмо. Меѓу другото, Шелева е претседател на одборот на меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата и уреднк на регионалното списание за култура и книжевност Сараевски тетратки. Шелева има објавено повеќе од 230 статии и 10 книги. Во нејзините истражувања, таа се фокусира помеѓу другото и на пост- колонијалната критика (Балканска имагологија), родовите прашања и на современата македноска литература.

Влатко Стефановски е светски познат по својата уникатна техника и тон на гитара. Роден во Прилеп, Македонија, во 1957, настапува низ целиот свет, како солист но и заедно со неговото трио на гитара, или заедно со музичари како што се Мирослав Тадиќ, Сточело Росенберг, Јан Акерман и Ману Катче. Тој е основачот на еден од најзначајните бендови во поранешна Југославија, Леб и сол, кој има издадено 14 албуми. Стефановски воедно компонира музика за филм, театар и балет. Како солист има настапувано и снимано со The London Symphony Orchestra, MDR Symphony Orchestra Leipzig, Tonkünstler-Orchester Vienna и RTV Ljubljana Big Band.

Луан Старова е роден во Подградец, Албанија, во 1941 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и докторирал на тема од француската книжевност на Универзитетот во Загреб. Потоа се вратил во Скопје каде на универзитетот предавал француска филологија. По независноста на Македонија, бил назначен за амбасадор на Република Македонија во Париз, Мадрид и Лисабон. Тој, исто така, бил и постојан претставник на Република Македонија во УНЕСКО. Автор е на неколку научни и книжевни дела на македонски и албански јазик за кои има добиено награди. Од 2003 година, Старова е член на Македонската академија на науки и уметности и е нејзин заменик-претседател од 2016.

Кирил Штигер е роден е во Оберит, Швајцарија, во 1950 година. Студирал словенска филологија и историја на Источна Европа во Цирих и Загреб. По четири години работа како асистент на семинарот за Источна европска историја во Универзитетот во Цирих, работел три години во Швајцарската амбасада во Москва. Меѓу 1986 и 2015 бил странски уредник и дописник за Neue Zürcher Zeitung. Во август 2017 е издадена публикацијата на неговата книга Wir wissen nicht mehr, wer wir sind. Vergessene Minderheiten auf dem Balkan (Не знаеме повеќе кои сме. Заборавените малцинства на

Балканот) во издание на Zsolnay Verlag. Кирил живее во Цирих.

Сенада Шело Шабиќ е виш научен истражувач на Институтот за развој и меѓународни односи во Загреб. Нејзините истражувачки интереси ги вклучуваат надворешните политики на Р. Хрватска, Југоисточна Европа, проширувањето на Европската Унија и миграцијата. Таа има докторат по политички науки од Европскиот универзитетски институт во Фиренца (European University Institute in Florence), како и два магистарски труда, по меѓународни односи на Универзитетот во Загреб и по мировни студии на Универзитетот Нотр Дам во Сад. Сенада Шело Шабиќ е главен уредник на академското списание Croatian International Relations Review и предава во Хрватска и во странство.

Ненад Шебек работи како консултант за меѓународни медиуми и за граѓанско општество. Ја започнува својата професионална кариера во 1975 година во Радио Белград и продолжува да работи за BBC во периодот меѓу 1986 и 2002 година.

Работел како извршен директор на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа во Солун, пред да ја преземе улогата на потпарол на Регионалниот кооперациски сојуз во Сараево. До неодамна бил директор на Белградската канцеларија на фондацијата „Хајнрих Бел“. Шебек, меѓу другото, е и гостин професор по човекови прави на Правниот факултет во Универзитетот Виена.

Сретен Угричиќ е роден во Југославија, земја која веќе не постои. Автор е на девет книги: романи, раскази, есеи и теориски текстови. Бил директор на Народната библиотека на Србија од 2001 до 2012 година, кога тогашниот министер за внатрешни работи го обвинува за тероризам, пред камерите на сите српски телевизии. По ова српската влада го менува по итна постапка на телефонска седница. Од тогаш живее во странство (од 2015 во Швајцарија, а пред тоа во Австрија и САД). Две години бил гостин истражувач и предавач на Универзитетот Стендфорд, а сега е истражувачки соработник на Универзитетот во Луцерн, по семинарот за културолошки студии и научни истражувања.

Агрон Туфа е роден во Дибер, Албанија, во 1967 година. Студирал албанска филологија на Универзитетот во Тирана и светска литература на Институтот „Максим Горки“ во Москва. Таму магистрирал книжевност и преведување на државниот Универзитет

за општествени науки (RGGU) и имал посебен афинитет кон поезијата на Јозеф Бродски. Туфа е поет, автор и преведувач од руски јазик, како и професор по светска литература од 20 век на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тирана. Тој е и директор на Институтот за проучување на комунистичките злосторства во Aлбанија и издава книжевен весник.

Волкер Ваијксел е роден во 1973 година. Се занимава со политички науки, фокусиран на централна и источна Европа. Тој е уредник на Osteuropa списанието, кое истражува теми од областа на политиката, економијата, општеството и културата низ цела Источна Европа, а се издава во Берлин. Во минатото бил активен и во полето на европската интеграција

и меѓународните односи, како и во полето на енергетската и еколошката политика. Како преведувач тој преведувал дела од руски на германски. Ваијксел чувствува посебен афинитет кон Балканот поради неговите чести патувања во регионот.

Оливера Ќорвезироска е родена 1965 година во Куманово, каде што завршила основно и средно училиште. Дипломира

на Филолошкиот факултет во Скопје. Има објавено неколку збирки раскази, неколку романи за деца и возрасни, книги со критики и есеи, како и две збирки поезија. Нејзините раскази се застапени во дваесетина домашни

и меѓународни антологии на современата македонска литература и се преведени на бројни јазици. Таа е добитник на неколку важни награди за литература во Македонија. За книгата Сплетени раскази ја доби наградата за најдобро прозно дело за 2003 година, што ја доделува Друштвото на писатели на Р. Македонија. Нејзиниот расказ „Агенција за случки“ е вклучен во антологијата Најдобра европска фикција за 2019 година.

Рамадан Рамадани дипломирал теологија на Универзитетот Мармара, Истанбул и докторирал историја на Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Моментално предава на Државниот универзитет во Тетово. Од 2011, тој е истражувач на Институтот за слободно мисла „Nisma” во Скопје. Тој е редовен колумнист за неделникот на македноски јазик

Фокус и весниците на албански јазик Lobi и Lajm. Тој пишувал опсежно за религијата и исламот, а член е на Македонското здружение на новинари и Здружението на албански издавачи. Назначен е за раководител на Македонскиот културен центар во Истанбул.


Споделено на: февруари 24, 2021 во 3:40 pm