Кинотека на Македонија
Селектор на филмската програма
Петар Милат
18.11 | 20:00: “Аустерлиц” (2015)
Сергеј Лозница
Документарен, Германија
74 мин., црно-бел, ДСП
Режија: Сергеј Лозница (Sergei Loznitsa)
Сценарио: Сергеј Лозница (Sergey Loznitsa)
Новиот филм на Сергеј Лозница Аустерлиц е остар, но богат и комплексен портрет на група туристи, кои се во посета на поранешен нацистички концентрационен логор, а на моменти претставува иронична студија на врската (или судирот) помеѓу современата култура и светоста на местото. Клучното прашање кое е провокација за авторот е што се случува кога ќе се сретнат меморијалното и музеолошкото – кога местата на смрт и уништување ќе се трансформираат во туристичка дестинација? Аустерлиц, на Лозница е насловен според ремек делото на големиот романсиер В. Г. Себалд, а со кое, едновремено, влегува во енигматичен и предизвикувачки дијалог.
19.11 | 20:00: “Смртта на Луј XIV” (2016)
Алберт Сера
Игран филм, Португалија, Франција
115 мин., колор, ДСП
Режија: Алберт Сера (Albert Serra)
Сценарио: Тиери Луна, Алберт Сера (Thierry Lounas, Albert Serra)
Улоги: Жан-Пјер Леуд, ПАтрик Дасумсјао, Марк Сусини (Jean-Pierre Léaud, Patrick d’Assumçao, Marc Susini)
Филмот на Сера во сите критики е прогласен за еден од најубавите, но и естетизирано најкомплексните филмови кои создаваат тескобност преку темата, слоевитите пораки и актерската совршена игра. Филмот почнува во моментот кога Луј XIV, Кралот Сонце или најмоќниот човек на светот, е со веќе нарушено здравје. Сера во фокус ја има темата на деградација на моќта преку човековото тело. Биополитичката димензија на филмот е високо естетизирана и ликовно субверзивна. Во меѓувреме, најмоќниот човек на светот се претвора во куп полусвесно месо, а таа груба деградација е уште поморничава затоа што старецот е опкружен со раскош и церемонијален проткол. Преку овој филм Сера моќно навлегува во порозната, ентрописка слика на современиот свет на спектаклот, кој почива врз парадигмата за смрт.
20.11 | 20:00: “Хаварија” (2016)
Филип Шефнер
Игран филм, Германија
93 мин, колор, ДСП
Режија: Филип Шефнер (Philip Scheffner)
Улоги: Рим Ибрир, Абдала Бенаму, Леонид Савин, Тиери Дајмонд (Rhim Ibrir, Abdallah Benhamou, Leonid Savin, Terry Diamond)
Филмот Хаварија е своевиден филмски државен удар на вистинскиот радикализам. Темата за мигрантските трагедии која е експлиците доказ за рапидното обесчовечување на човештвото, Шефнер ја обработува токму со постапка на статичност. Со тоа создава деконструктивистичко толкување на есенцијата на значењето на мигрантската траума.
Географската широчина на местото на случување е 37º 28.6’N 0º3.8’E. Гумен чамец полн со луѓе, едниот од нив мавта. Камерата полека се врти кон десно и покажува туристи на патнички брод коишто гледаат во морето. Камерата се враќа назад, го допира чамецот уште еднаш и потоа врти кон лево, на другата страна на бродот. Прекршената светлина го бои, а вертикалниот зрак на светлина го одвојува бродот од чамецот, на кој камерата повторно се враќа. Понекогаш сликата се замаглува; сенишни рефлексии се појавуваат во водата. Во исто време, се слуша следново: спасувачката екипа преку радиото моли за трпение додека не пристигне хеликоптерот. Во текот на дејството, сликите ја престигнуваат реалноста. Havarie на тоа реагира преку кондензација на звукот и го оградува од сликата, и на тој начин се создава простор на перцепција којшто му овозможува на гледачот да ја искуси сопствената позиција без притоа да го изгуби од вид предметот којшто се доведува во прашање.
Био:
Петар Милат е еден од најзначајните филозофи на поновата генерација, кој својот фокус го става на истражувањата поврзани со интерференциите и критичките релации помеѓу политиката, моќта, наложеноста, дисциплината и уметноста. Тој е главен програмски координатор на култниот Мултимедијален институт во Загреб, МаМа каде ги координира издавачката, музичката и филмската програма. Од 2008 година е директор на Филмскиот фестивал за човекови права во Загреб.
Крик 01 – Kontrapunkt (kontrapunkt-mk.org)
Споделено на: февруари 23, 2021 во 2:46 pm