FREIRAUM

Freiraum (“Free Space”) is a project of the Goethe-Institut in collaboration with 53 actors in culture...

Freiraum (“Free Space”) is a project of the Goethe-Institut in collaboration with 53 actors in culture and the arts, the research community and civil society. Some 40 cities in Europe will be thrashing out these questions till March 2019: What does freedom mean in present-day Europe? Where is freedom at risk? How can we shore it up?

Paired European cities are developing projects about current social issues and are grappling with the concept of freedom, exchanging points of view and forging new networks. In case of the paired cities Copenhagen and Skopje the question is: How can a city ensure social diversity and harmonious coexistence? How is the scope of freedom in the public realm negotiated and altered over time?

​A robust civil society is the basis of a democratic and pluralistic community. In neighbouring countries and even right on our doorstep, we are suddenly resuming debates that many of us thought were over and done with. Institutions have a special responsibility here: to challenge supposed certainties and seek dialogue with one another – even where common ground is not self-evident.

The Goethe-Institut sees itself as an institution with a European mission. We advocate for a vision of European integration and a shared European cultural space based on cultural diversity and distinctiveness – and we are well aware of the crisis of that vision today. Not naïve enthusiasm, but the willingness to engage in productive dialogue should lead the way forwards.

Part of the project was presented on:

CRIC Festival for critical culture | 07.12.2018

Museum of Contemporary Art- Skopje

​​​19:00 – 19:45

​Skopje – Changing Ideals, Renegotiating Space, Copenhagen Architecture Festival (DK)

Video screening​

As part of the pan-European project Freiraum, initiated by the Goethe Institute to examine the state of freedom and agency in Europe, film by Copenhagen Architecture Festival team is underpinned by the question: How are democracy and identity renegotiated in the design and use of public space and cultural heritage in Skopje? Arriving from the very different context of Denmark’s capital Copenhagen and from the field of architecture, they are examining Skopje and the issue of freedom and agency from a spatial perspective. From the Greek agora to Lefebvre’s question of the right to the city, we know that the design, planning and use of public space and cultural heritage are always embedded in various discourses of politics, democracy, identity, culture and – indeed – freedom and agency. In Skopje, this seems particularly apparent and poignant. First, with the demolitions and modernist rebuilding after the tragic 1963 earthquake and subsequently during the historicist-nationalist makeover of Skopje 2014. Filming during the 30 September election, Copenhagen Architecture Festival team is among others investigating ongoing renegotiations of what to do about the new cultural layer of Skopje 2014 and the ambivalent relationship to the rest of Europe and the World, but also the everyday life experience of the city. Together with the Danish-Macedonian architect Daniel Serafimovski, who is familiar with both Skopje and Copenhagen, they are revisiting different cases of public spaces and cultural heritage through interviews with local experts, archival footage, on-site registrations and vox pops with citizens of Skopje, a city aspiring to become European Capital of Culture in 2028.  ​

20:00 – 20:45

​Nomadic Identities – wandering in the freedom within itself, Kontrapunkt-Skopje (MK)

Video screening ​

This short artistic documentary was filmed in Copenhagen. Through the stories of five protagonists who are originally from Macedonia, but their life destinies are connected to Copenhagen, it explores several issues very important for contemporary reading of the notion of freedom. In their meta-narrations, contextualized into a narration-voice and artistic approach of post production editing of the movie are posed several questions: How freedom is related to the place of residence?; when ambivalence and contradiction appears in the personal memories of the homeland and the new country of living?; in which way the new models of mobility, nomadic experiences, frequent travels, short term stays in other countries influences and shapes someone’s understanding of the concept of freedom?; where is the space of the transmigration groups and non-citizen classes, such as immigrants, economic migrants, exiles, refugees and illegal aliens?; how are the voluntary diasporic subjects and emigrant different from those whose lives have been mapped by exile and forced economic migration?; can we now speak of different kind of citizenship and belonging to the concrete space or country – flexible, diasporic, and nomadic?

https://www.youtube.com/watch?v=G2zuYK0CuGc&feature=emb_title – insert video

20:45- 21:45

​FREIRAUM, Johannes Ebert (DE)

​Keynote lecture followed by a discussion with Signe Sophie Bøggild and Johannes Ebert, moderated by Elena Veljanovska

https://www.youtube.com/watch?v=0Aw4XFGbyuI&feature=emb_logo – insert video

* Johannes Ebert has been Secretary General of the Goethe-Institut since 2012. He read Islamic Studies and Political Science in Freiburg and Damascus and thereafter worked as a journalist in Heilbronn. After periods as an instructor at the Goethe-Institut in Prien, as a language course consultant at the Goethe-Institut in Riga and as deputy head of the Public Relations division in the Munich head office, he was director of the Goethe-Institut Kiev from 1997 to 2002. From 2002 to 2007 he was director of the Goethe-Institut in Cairo and regional director for North Africa and the Middle East. Subsequently he served as director of the Goethe-Institut in Moscow and regional director for Eastern Europe and Central Asia from 2007 to 2012. In his work, Johannes Ebert focuses not only on advancing European collaboration and integration, but also on intensifying engagement in crisis-ridden regions and countries going through radical change, for example in Ukraine, North Africa and the Middle East. He is particularly dedicated to supporting refugees with cultural and educational projects in the neighbouring countries of Syria and in Germany. In addition, he has been campaigning for years for the expansion of digital offers in foreign cultural and educational policy, the introduction of global debates in Germany and the continual expansion of the worldwide network of the Goethe-Institut.

——————————-

As part of the project the film “Five stories about the freedom” was made
https://www.youtube.com/watch?v=Gxx8EZCsycg – insert video


Shared on: February 24, 2021 at 3:23 pm

ФРЕИРАУМ („Слободен простор“) е проект на Гете-институтот во соработка со 53 останати организации од областа на културата и уметноста, истражувачката заедница и граѓанското општество.Околу 40 градови во Европа до март 2019, ќе дискутираат на прашањата: Што значи слобода во денешна Европа? Каде слободата е во ризик? Како можеме да се заштитиме? 

​Збратимени европски градови развиваат проекти на тема актуелни социјални проблеми и се борат со концептот на слободата, разменувајќи ставови и создавајќи нови мрежи. Во овој контекст збратимените градови Копенхаген и Скопје, ги поставуваат прашањата: Како еден град може да обезбеди социјална разновидност и хармоничен соживот? Како обемот на слободата во јавниот простор се менува со текот на времето?

​Силното граѓанско општество е основата за демократска и плуралистичка заедница. Во соседните земји, па дури и пред нашиот праг, ние оддеднаш продолжуваме дебати за кои многу од нас, одамна мислеа дека завршиле. Институциите имаат посебна одговорност сега: да ги предизвикаат претпоставените сигурности и да бараат дијалог еден со друг – дури и кога заедничката основа не е очигледна.

​Гете институтот е институција со со европска мисија. Тие се залагаат за визијата за европска интеграција и заеднички европски културен простор, заснован на културна разновидност и посебност – истовремено свесни за кризата на таа визија денес. Не наивниот ентузијазам, туку подготвеноста за започнувањена продуктивен дијалог треба да нè води напред.

————————————

Фрајраум доаѓа во Берлин од 12 до 17 март 2019 година. Во соработка со ZK/U – Center for Art and Urbanistics и Тhe Mercator Foundation, селектирани Фрајраум парови ќе ги презентираат резултатите од нивната размена. The Mercator Foundation е домаќин на така наречената Open Situation Room, експериментален настан во кој германски и интернационални експерти, партнери на проектот Фрајраум, локални активисти и политичари ќе дискутираат за различните аспекти на слободата.

​За реализација на проектот Фреираум, Гете-институтот ја активираше својата широка европска партнерска мрежа со намера за разгорување на дијалог помеѓу партнери од културниот сектор и граѓанското општество. Во тандеми од два града коишто меѓусебно соработуваат, се разгледуваат неколку клучни и многу актуелни прашања: Која е состојбата на слободата во денешна Европа? Каде е таа изложена на ризик? Како можеме да ја подобриме? Уметнички и дискурзивни формати кои се однесуваат на овие прашања беа создадени на околу четириесет различни места низ цела Европа. Проектите од Никозија до Карлајл и од Мадрид до Талин беа претставени пред јавноста уште од почетокот на летото 2017 година.

Како дел од проектот, скопскиот претставник Контрапункт во партнерство со Фестивалот за Архитектура од Копенхаген, сними уметнички филм во Копенхаген наречен „Номадски идентитети- талкање низ слободата во себе“ кој испитува неколку теми, важни за современата перцепција на поимите слобода, идентитет, миграција. Паралелно со ова, во Скопје Фестивалот за Архитектура сними, исто така, уметнички филм наречен „Промена на идеалите,  рекреирање на слободните простори“ филм кој се занимава со прашањето како се отсликуваат демократијата и идентитетот во дизајнот и употребата на јавниот простор и културното наследство во Скопје.

Двата филма премиерно беа презентирани пред јавноста на 07.12.2018 како дел од програмата на фестивалот за критичка култура КРИК, во организација на Контрапункт.


Дел од проектот беше претставен на:

КРИК Фестивал критичка култура | 07.12.2018

Музеј на современа уметност – Скопје

​​​19:00 – 19:45

Скопје – Менување на идеалите, ре-преговарање на просторот, Copenhagen Architecture Festival (ДК)

​видео проекција

20:00 – 20:45

Номадски идентитети – талкајќи во внатре во слободата, Контрапункт-Скопје (MK)

​видео проекција
https://www.youtube.com/watch?v=G2zuYK0CuGc – да се прикачи видеото

20:45- 21:45

ФРЕИРАУМ, Јоханес Еберт (Г)

Воведно предавање проследено со дискусија помеѓу Јоханес Еберт и Сигне Софи Богилд, модерирана од Елена Вељановска

https://www.youtube.com/watch?v=0Aw4XFGbyuI&feature=emb_title – да се прикачи видеото

*Јоханес Еберт е генерален секретар на Гете институтот. Првпат започнал да работи во Гете институтот во 1991 година, по завршувањето на студиите по политички науки и исламски студии во Фрајбург во Брајсгау. Во 1990 година бил на практична обука во весникот во Хајлброн, но во 1991 година се вратил во Гете институтот каде, меѓу другото, објавувал за Абиџан, Рига и Киев. Почнувајќи од 2002 година, Еберт бил на функцијата регионален директор, најпрво во Каиро, потоа во Москва. Потоа на 1 март 2012 ја преземал функцијата генерален секретар, а, исто така, ја има и функцијата на портпарол на одборот на директори. Во 2016 година тој бил реизбран за генерален секретар на Гете институтот за наредните пет години.

——————————————————————————————————————————————–

Како дел од проектот беше создаден и филмот „Пет приказни за слободата“
https://www.youtube.com/watch?v=Gxx8EZCsycg – да се прикачи видеото

——————————————————————————————————————————————–

„Димензии на слободата“

е во организација на Гете-институт Скопје – културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет, го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка

и

Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики- Скопје

Логистички партнер е Музејот на современа уметност од Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=UiY9Q11PwY0&feature=emb_title – да се прикачи видеото

СЕМИНАР НА ТЕМА „ДИМЕНЗИИ НА СЛОБОДАТА“

​Музеј на современа уметност,

7.10.2017,10:30 – 17:30ч. ​

Предавачи на семинарот:

Љубомир Данаилов Фрчкоски

Сашо Орданоски

Беса Арифи

Бранимир Јовановиќ

Европа се наоѓа пред промени. Популистичките и националистичките партии добиваат поддршка во многу земји. Скептицизмот кон Европската Унија, кој беше изразен во референдумот за Брегзит, не е ограничен само на Велика Британија. Кризата со бегалците отвори нови прашања на кои европската политика нема едногласни и обединети одговори. Европа се соочува со предизвици на многу нивоа и е во потрага по решенија.

Во контекст за овие специфични предизвици, Гете-институт во 2017 година го започнува проектот „Сфера на слободата“, кој ќе се реализира и во текот на 2018 година, како и на почетокот на 2019 година. Неговата клучна точка е концептот на слободата, кој уште од Просветителството, беше суштински важен за културната историја на Европа и за европското чувство за идентитет.

Но, ветувањето зад овој концепт го загуби својот сјај. Некои од клучните основи врз кои се градеше европската мисла и мислата за Европа се загрозени и се доведуваат под прашање. Во светлината на овие случувања, сакаме да создадеме платформа за дијалог преку која ќе се дискутира за прашања поврзани со слободата и идентитетот, слободата и економијата, слободата и Европа. Како дел од оваа платформа во настанување, ќе биде реализиран еднодневен семинар на кој четири еминентни професори, истражувачи, експерти и креатори на јавното мислење ќе ги презентираат своите концепти и можни решенија за унапредување и понатамошно суптилизирање на наведените прашања и предизвици со кои се соочуваме во заедничкиот европски простор/контекст.

Темата на предавањето на Љубомир Фрчковски е „Идентитети и слободата“. Во рамки на предавањето ќе бидат опфатени аспектите на промена на концептот на културата во постполитичките општества, општествата на ризик или едноставно неолибералните  општества, и логика на конституирање на новата политичка улога на културниот идентитет. Ќе се зборува за интервенцијата на правото во повторното поставување на границите на вклучените и исклучените идентитети и во тој контекст за претворањето на правата на човекот во нова политика на моќ. Исто така, ќе бидат разгледани и основите за можната радикална политика на еманципација на слободата.

Семинарот на Сашо Ордановски, конципиран како разговор, се занимава со следниве теми: кои се границите и сфаќањето на слободата во време на темелни дилеми за проблемите на современата демократија и предизвиците што ги поставува развојот на технологијата врз сфаќањето на приватноста и слободата на говорот како едни од темелните вредности на демократскиот политички модел? Какви се перспективите на реформата на демократскиот модел и кои се компетитивните општествено-политички модели што ѝ конкурираат на демократијата? Конечно, каде се наоѓа Македонија во приказната за слободата?

Предавањето на Беса Арифи е насловено „Слобода, идентитет и заштита од омраза“. Концептот на слободата е тесно поврзан со човековите права. Тој може да се однесува на слободата на говорот, како и на слободата да се изрази сопствениот идентитет. Понекогаш овие концепти се прелеваат еден во друг и е тешко да се воспостави тенката црвена линија помеѓу слободата на говорот и вмешувањето во слободите и правата на другиот. Целата на ова предавање ќе биде да се дискутира за овие ограничувања во контекст на конзервативните општества кои се борат да одржат одредено ниво на политичка слобода и не паѓаат во отворено тоталитарно владеење. На семинарот ќе се дискутира и за искуствата во земјите од Европската Унија и САД во однос на ограничувањата на слободата на говорот и инкриминацијата на говорот на омраза, а овие искуства ќе бидат споредени со реалноста во Македонија.

Бранимир Јовановиќ ќе зборува за врската помеѓу економската состојба, слободата, демократијата и авторитарните режими. Тргнувајќи од прашањето дали може да се биде слободен во ситуација на неповолна економска состојба, тој ќе ја стави под знак прашање (нео)либералната теза дека социјалните разлики се небитни за демократијата. Потоа ќе се обиде да го објасни ширењето на авторитарни режими во последно време. На крајот, ќе даде негово видување за тоа што треба да се стори за да се спречат овие појави во иднина. 


Shared on: February 24, 2021 at 3:23 pm