Чест ни е да ве поканиме на дводневен семинар предводен од Гералд Рауниг, на 5-6 јули 2024 год, а кој е дел од КРИК – фестивал за критичка култура, како клучна програма на Контрапункт – организација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики. Фокусирајќи се на најновите книги на Гералд Рауниг – Dividuum (2016) и Disassemblage (2022), кои ги сочинуваат двата тома на Машинскиот капитализам и молекуларната револуција – овој настан ги поканува филозофите, уметниците, активистите, кураторите и културните работници, да ја истражуваат работата на Рауинг контекстуализирајќи ги неговите теориски филозофски тези во локалниот контекст. Избраните учесници ќе се вклучат во предсеминарска листа за читање и ќе треба да се запознаат со извадоци од двете книги (неодамна преведени на македонски од Жарко Трајаноски), како и фрагменти од други текстови централни за развивање на мисла на Гералд Рауниг. Учесниците ќе имаат можност директно да се вклучат во работата на авторот и да дадат, како и да добијат повратни информации за сопствените интереси кои се во фокус на нивната работа.Некои концепти кои треба да се дискутираат:машина/механика (во контекст на социо-еко-системите); апстрактни машини; дивидуално/дивидуа; молекуларна/моларна/минорна.
Ден 1 (05.07.2024) 15:00-18:00 : Фокус „Дивидуа“
Ден 2 (06.07.2024) 16:00-19:00 : Фокус „Дисемблажа“ https://transversal.at/media/dissemblage.pdf
Линк за пријава на семинарот: https://forms.gle/pJgdp1iJ47SC1GKP8
Рок за пријавување: до 20 Јуни.
Гералд Рауниг во рамки на семинарите ќе понуди во дијалог одговори на оние прашања кои се поврзани со сите важни теориски, политички, филозофски и уметнички перспективи согласно интересите на учесниците, во рамки на поставените теми во книгите кои ќе бидат предмет на критичка расправа.
Гералд Рауниг е еден од водечките филозофи, кој става акцент на политичката филозофија итеоретичар на културата и уметноста. Работи во Zürcher Hochschule der Künste и во eipcp (Европски институт за прогресивни културни политики); член е на уредувачкиот одбор на повеќејазични издавачки платформи како transversal texts и списанието Kamion. Неговите книги се преведени на англиски, српски, шпански, словенечки, руски, италијански и турски. Tој е автор на „Уметност и револуција“, „Илјада машини” „Фабрики на знаење, индустрии на креативноста“, „Дивидуа“, и „Дисемблажа“.
Со креативна примена на идејата на Жил Делез и Феликс Гатари за желбените машини во поширокиот општествен еко-систем, Рауниг ја проширува постструктуралистичката теорија на револуцијата до експлозивната врска со уметноста и активизмот. Рауниг развива современа концепција за политичката промена – концепција што ги надминува застарените формулации на востание и отпор.Оваа година Контрапункт ја имаше привилегијата да преведе во својата едиција Пунктум три книги од Гералд Рауниг: „Уметност и револуција“, во превод на Катерина Шекутовска, „Дивидуа“ и „Дисемблажа“ во превод на Жарко Трајаноски.
***
КРИК – Фестивал за критичка култура е финансиски поддржан од, Гете Институт, Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
#CC4WBs, #CCI #culture
Споделено на: јуни 14, 2024 во 12:13 pm