
Што е демократијата денес? Што подразбираме кога говориме за демократија и кои се најважните впишани концепти без кои демократијата не може да функционира? Можна ли е демократијата? Постои ли нејзина алтернатива? Која е оптималната форма на демократија? Овие прашања се фундаментални за проектот Performing Democracy (Изведување демократија), кој е мотивиран од нашата потреба да разговараме за нив, создавајќи простор за што е можно поширок дијалог за состојбата и значењето на демократијата. Проектот се развиваше во две фази.
Првата фаза беше реализирана во Србија, а по нејзиното завршување во тимот на проектот се приклучија организациите ДокуФест од Косово и Контрапункт од Северна Македонија. Мотивацијата за проширување на опсегот на проектот е заснована на верувањето дека треба да го преиспитаме поимот демократија и да се соочиме со предизвиците со кои сите се соочуваме денес надвор од строгите локални граници. Така, решивме да се здружиме со партнерите од Косово и Северна Македонија и да го прошириме нашето истражување на современото поимање за демократија. Конструирајќи колективно партиципативно уметничко дело во соработка со граѓаните од трите земји-учеснички, проектот има цел да ја преиспита сложеноста на актуелниот момент, истражувајќи дали можеме да разговараме за значењето на концептите како што се толеранција, одговорност, солидарност и правда? Можеме ли да разговараме за овие прашања со луѓе со различни мислења? Можеме ли да разговараме за овие прашања со оние кои не ги делат нашите ставови, убедувања и вредности? Тргнавме од верувањето дека сегашниот момент бара не само обновување на дијалогот и можност за соочување со различни ставови на јавниот простор, туку и ново ниво на колективна имагинација, што подразбира хетерогени позиции и ставови. Се обидовме да вклучиме соговорници од цела Србија, Косово и Северна Македонија, кои имаат различни интереси, професии и услови за живот. Нивните размисли беа снимени како кратки видео изјави. Обидувајќи се да вклучиме во дијалогот соговорници со различни искуства, како и оние кои доаѓаат од различни полиња на идеолошкиот спектар, разговаравме со претставници на граѓански иницијативи, движења и организации, со претставници на политички партии кои ја прифатија нашата покана, како и со нашите сограѓани, од кои со многумина првпат се среќававме. Многу соработници покажаа голема доверба во нас, нѐ пречекаа во нивните домови за да ги споделат со нас своите вредни мислења. Од почетокот на нашата работа на проектот на крајот на 2019 година во Србија, до финализирањето на видео-снимката на изјави во Северна Македонија и Косово, две години подоцна, заедно со целиот свет се соочивме со здравствена криза која ги оспори сите навики и постулати, кои ги одредуваа нашите начини на живеење до почетокот на 2020 година. Многу брзо пандемијата почна да еволуира во социјална, политичка и економска криза од која допрва ќе треба да ги разбереме последиците. Во вакви непредвидени околности разговаравме со 62 групи граѓани, иницијативи, активисти, професионални здруженија и политички партии, со цел да откриеме како денес се сфаќаат и демократијата и иднината. Одговорите што ги слушнавме беа крајно хетерогени и се движеа од гледна точка дека „суштината на демократијата е ангажираниот граѓанин, посветен на јавната благосостојба“ до гледна точка дека „демократијата е погрешна идеја заради тоа што човечката природа не може да функционира во таков систем“.
Учесници од Србија: Славољуб Костиќ и Горан Јаковљевиќ (учесници на еколошките протести во Бор); Јелена Милетиќ, Драган Стојменовиќ и Горан Миленковиќ (Центар за неформална комуникација – Немушто, Бор); Божидар Савиќ (пензионер) и Зорана Павловиќ (независен уметник); Зоран Лутовац и Драгана Ракиќ (Демократска партија); Милован Павловиќ (инвалид пензионер) и Денис Феризовиќ (државјанин на Србија); Проф. д-р Тамара Миленковиќ Керковиќ и Југослав Кипријановиќ (Српско движење Двери); Јелена Симиќ (доцент на Правнен факултет, Универзитет Унион) и Агата Милан Ѓуриќ (активист за човекови права); Југослав Ристиќ (претседател на Сојуз на независни синдикати на Крагуевац), Зоран Марковиќ (претседател на Самостоен синдикат „ФЦА“ Фиат Крајслер автомобили од Србија) и Драган Илиќ (претседател на Самостоен синдикат „Застава Оружје“); Снежана Жујковиќ (специјалист по гинекологија и акушерство) и Александар Дукиќ (акушер-гинеколог); Љиљана Надовеза (државјанка на Србија) и Озрен Надовеза (невработена); Владимир Маровиќ и Предраг Воштиниќ (Локален фронт); Марија Перковиќ (работничка) и Џенета Аговиќ (активистка и претседателка на организацијата Импулс од Тутин); Марија Маринковиќ, Данијел Дашиќ и Младен Јовановиќ (Национална коалиција за децентрализација); Добрица Веселиновиќ и Радомир Лазовиќ (Да не го давиме Белград); Весна Војводиќ Митровиќ и проф. д-р Зоран Стојиљковиќ (Обединет граѓански синдикат Независност); Милена Репајиќ и Иван Велисављевиќ (Партија на радикалната левица); Радомир Ќириловиќ и Владета Јовановиќ (Здружение за заштита на потрошувачите „Просперитет“); Ива Марковиќ и Милош Баковиќ Јаџиќ (Иницијатива за право на вода); Марија Јаковљевиќ и Галина Максимовиќ (Женски фонд за реконструкција); Наташа Тасиќ Кнежевиќ (солист, Српски народен театар, Нови Сад) и Саша Кнежевиќ (пијанист); Невена Мартиновиќ и Филип Милошевиќ (Фондација SHARE); Проф. д-р. Славица Ѓукиќ Дејановиќ и проф. д-р Предраг Марковиќ (Социјалистичка партија на Србија); Милинка Миња Николиќ, Марица Стаменковиќ и Милијана Живковиќ (активисти, Стара планина); Тања Марковиќ (активист) и Небојша Миликиќ (член на иницијативата Нема рехабилитација); Оља Николиќ Киа (член на колективот „Трансбалканска солидарност и „Пуш-бек мапа“) и Теодора Јовановиќ (антрополог); Тара Рукеци и Бранислав Маркуш (социјален форум Зрењанин); Слаѓана Радивојевиќ, Зорица Круниќ и Душан Јовиќ (театар Трстеник).
Учесници од Северна Македонија: Олег Бојаџиев (мрежен маркетинг менаџер) и Снежана Чонтева Димовска (медицинска сестра); Ајлин Синани (средношколец) и Тоше Ивановски (културен менаџер и активист); Никола Пројчевски (актер) и Катерина Петровска (во пензија); Благој Мицевски (костимограф и режисер) и Антонио Китановски (актер); Рула Чаламани (економистка) и Денис Арслановски (активист); Ѓорги Пулевски (социолог и културен работник) и Никола Гелевски (писател и издавач); Звонко Димоски (културен менаџер и едукатор) и Ангела Наумоска (актерка); Филип Илиоски (ветеринар) и Михаела Кочоска (професионален војник); Михајло Миленковски (актер) и Светла Христоска (театарски режисер); Александар Тодески и Катерина Чакмакоска Клинческа (актери); Мања Величковска (компараративистка и активистка) и Фросина Крушкаровска (компаративистка); Анастасија Христовска (актерка) и Ферзија Асановска (економистка); Гордана Ристевска Димитровска (специјалист по психијатрија) и Наташа Бекирова (психолог); Калија Димитрова (писателка и активистка) и Славчо Димитров (професор, теоретичар и активист); Јасмина Василева и Јан Бекиров (психолози); Ана Жежовска (наставничка по германски јазик) и Валентин Дамчевски (актер); Никола Стефанов (актер) и Софија Ристевска (режисерка); Ивана Мирчевска и Елена Чемерска (уметници); Александар Писарев (новинар и активист) и Мерсиха Смаиловиќ (адвокатка и активистка); Ана Чупевска (политиколог) и Јордан Шишовски (филозоф и политички аналитичар).
Учесници од Косово: Али Гаши (професор по социологија) и Јета Реџа (професор по психологија); Аулоне Кадриу и Беса Лучи (Косово 2.0); Блерта Делиу Кодра и Влора Читаку (Демократска партија на Косово); Фатмира Колчаку и Тинка Курти (Движење Самоопределување); Фазли Ррезја (професор по англиски јазик) и Арбен Красниќи (професор по математика); Назми Елези и Мухамет Хајрулаху (новинари, „Телеграфи“); Сабина Бериша и Тилај Елшани (активисти); Виртит Гакафери (активист) и Бирол Урчан (режисер, новинар и музичар), Таулант Хоџа и Рина Драгидела (Косовска Фондација за граѓанско општество); Рефки Каси (активист) и Рефки Алија (социолог); Ебру Зборца (експерт за реформи во јавната политика и администрација) и Бенги Музбег (истражувач и граѓански активист); Селвије Ламај Криезиу (професор по историја) и Феланза Кирајтани (професор по географија); Суер Селина (фотограф, Призма Медиум) и Аделина Хасани (активист, Призма Медиум); Линда Симитчиу и Тринга Касеми (активисти); Верон Тара (архитект и активист) и Фатмир Менкше (активист).



Искреноста, отвореноста и подготвеноста за соработка на сите оние кои се согласија да учествуваат во овој дијалог нѐ обврза да размислуваме за нови отворени експериментални формати во кои разговорот за демократијата, како чин на колективно размислување и замислување алтернативи, би можел да стане отворен за пошироко учество. И, воедно, форматот кој би обезбедил простор за слободно учество на сите заинтересирани страни, за несогласување и разговор, за искуство на колективна имагинација, е најголемиот предизвик во понатамошната работа, но и за фокусот на втората фаза од проектот. Сметаме дека денес е важно да се развие овој простор во полето на уметноста, што го гради својот трансформативен потенцијал во отпор кон доминантните модели на производство на норми и наративи, капацитетот на имагинацијата, споделеното искуство и слободната игра. Оттука и поимот „изведување“. Од една страна, тој се однесува на демократијата како збир на норми и договорени правила, кои управуваат со едно општество, од друга, пак, на нашата способност активно да поставуваме прашања и да бараме одговори, да се спротивставиме на идеите, предлозите и можните алтернативи на доминантните наративи и норми – всушност „да изведуваме“ можни простори, колективни имагинации во кои алтернативите се слободни да размислуваат и преговараат. Проектот Изведување демократија нуди една од повеќето платформи каде што се артикулираат различни идеи и се изнесуваат на сцената, но и се поставуваат прашања: Можеме ли да смислиме алтернатива што би одговорила на актуелните предизвици на пандемијата, на климатските промени, на растечката нееднаквост, на миграцијата, на војната? Можеме ли колективно да размислуваме и да градиме нови идеи, внатре и надвор од постоечките поделби? Можеме ли да негуваме емпатија надвор од нашите сопствени групи на интерес и дали можеме да го препознаеме сопствениот интерес во идејата за заеднички или колективен? И како да го обликуваме просторот во кој можеме да преговараме, зборуваме, испитуваме грешиме, учиме едни од други, извлекуваме и создаваме идеи и концепти надвор од доминантните наративи, кои би ни овозможиле да ја доживееме алтернативата?


