Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Три дебати: „Дали правото на абортус треба да е човеково право?“
„Дали воведувањето на веронауката како изборен предмет ќе доведе до унапредување на човековите права?“
„Дали нашите војници во Ирак се борат за демократија и човекови права?“

дебата
 

03.09.2008, Точка, 20:00

 

 

 
 

Неделава завршува последниот циклус дебати кои се дел од Школата за критичко мислење и дебатирање во рамки на човековите права. Оваа школа се одвиваше во текот на 10 месеци и се состоеше од шест месечен курикулум со предавања на домашни и интернационални експерт кои во своите презентации го обработуваа теорискиот дел во однос на критичкото мислење и дебатирање и делот кој ги засега принципите на човековите права и слободи. Предавачи на школата беа врвни експерти од двете области: д-р Ана Димишкоска, д-р Сузана Милевска, д-р Мирјана Најчевска, д-р Весна Томовска, мр. Жарко Трајаноски, д-р Весел Мемеди, д-р Љубомир Фрчкоски, д-р Борис Буден (Германија – Хрватска), Суад Мисни, Теодор Целакоски (Хрватска), Тончи Валентиќ (Хрватска).
Една од целите на школата беше да се промовираат концептите и методите на критичкото мислење со што похрабро би се развивала арената на полемичка култура, критичката и јавна дебата на важни но и контроверзни општетсвени теми. Сметаме дека во Македонија изостанува дебатна и полемичка култура и дека е неопходен развој и стекнување практични знаења за истата. Воедно, сметаме дека е нужно критичко промислување на сите општествени сегменти и нивно итно и конструктивно артикулирање во јавна дебата која ќе се одвива според сите демократски начела.

По завршувањето на менторскиот дел од школата следуваа 4 дебати во кои покренавме важни прашања кои се однесуваат на етничкиот и националниот идентитет, на правото на граѓанинот да влијаат врз полтичките процеси и промени во змејата, потоа се покрена прашањето за правото на зависниците на дрога, правото на стапување во брак на лица од ист пол.
Преостанатите три дебати кои ќе се одвивата неделава во културниот центар Точка ги опфаѓаат следните дебатни прашања:

1. Дали правото на абортус треба да е човеково право? (среда, почеток во 20.00 часот). Учесници на дебатата: Сузана Милевска, презвитер Игор Калапковски, Ирена Цветковиќ, Ана Блажева, Славчо Димитров, Билјана Кочоска.

2. Дали воведувањето на веронауката како изборен предмет ќе доведе до унапредување на човековите права? (четврток, 20.00 почеток часот) Учесници на дебатата: Роза Топузовска, Жарко Трајаноски, Презвитер Игор Калпаковски, Александар Спасеновски.

3. Дали нашите војници во Ирак се борат за демократија и човекови права? (петок со почеток во 20.00 часот) Учесници на дебатате се: Билјана Ванковска, Ивица Антески, Александар Николоски.

Школата за критичко мислење и дебатирање е поддржана од Комисијата на Европската унија – Скопје.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |