Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



„Дали правото на склучување брак на лица од ист пол е битно за еднакво уживање на човековите права?“
дебата
 

23.08.2008, Точка, 20:00

 

 

 
 

Во вторник, на 26 август 2008 година, во Културниот центар Точка со почеток во 20 часот, здружението на граѓани Контрапункт организира во дебата со клучно дебатно прашање: „Дали правото на склучување брак на лица од ист пол е битно за еднакво уживање на човековите права?“
Пошироката рамка на оваа дебата има за цел освен да одговори на ова прашање, воедно да отвори и некои дебатни аспекти кои се однесуваат на човековите права на лицата со поинаква сексуална ориентација од хетеросексуалната ориентација.
Учесници на дебатата се: Мирјана Најчевска, Кочо Андоновски, Славчо Димитровф, Жарко Трјаноски. Дебатата ќе ја модерира Ана Блажева.
Оваа дебата е дел од Школата за критичко мислење и дебатирање на теми поврзани со човекови права, која Контрапункт ја организираше во изминатите десет месеци. Сметаме дека во Македонија изостанува дебатна и полемичка култура и дека е неопходен развој и стекнување практични знаења за истата. Воедно, сметаме дека е нужно критичко промислување на сите општествени сегменти и нивно итно и конструктивно артикулирање во јавна дебата која ќе се одвива според сите демократски начела.
Школата за критичко мислење и дебатирање е поддржана од Комисијата на Европската заедница – Скопје.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |